Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Носителите на кандидатски листи утре ќе потпишат Кодекс за фер избори

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фер, демократски и кредибилни избори посакуваат Владата, учесниците на изборите и политичките партии, но овој пат и со една додавка која ја отсликува суровата реалност со коронавирусот, а тоа е заштитата на здравјето на граѓаните. Предвремените парламентарни избори на 15 јули се особено важни бидејќи долго време државата функционира во вонреди услови со техничка влада и без Парламент.

Согласно политичкиот договор постигнат пред одложувањето на изборните дејствија во март, за првичниот датум на изборите 12 април, и последниот договор како и уредбите на Владата, изборните дејствија продолжуваат онаму каде што запреа, со дополнителни протоколи за заштита на здравјето на граѓаните поради коронавирусот.

Тоа значи дека кандидатските листи се веќе потврдени, заклучен е регистарот на медиуми, завршено е пријавувањето на дијаспората за кое овојпат немаше доволен број пријавени и таму нема да се гласа, извршена е ждрепка за редоследот на избирачкото ливче, а завршени се и други дејствија.

Од незавршените најважно е ажурирањето на Избирачкиот список односно МВР треба да достави податоци до ДИК, треба да се доедуцираат односно во случајот да се спроведе комплетно нова едукација на здравствените избирачки одбори, како и на членовите на Избирачките одбори и општинските изборни комисии, согласно здравствените протоколи, треба да се испечатат изборните ливчиња, ДИК да изготви упатства за многу од активностите на терен и гласањето, продолжува и пријавувањето на набљудувачите на изборите…

На изборите на 15 јули ќе настапат 15 коалиции со 1.598 кандидати

Носителите на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори утре во Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори е обврска која произлегува од член 8-в од Изборниот законик.

ДИК пред донесувањето на мартовската Уредба на Владата за запирање на изборните дејствија и одлуката на политичките лидери за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија ИНТЕГРА, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија и ДПА. СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката“, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5.

Носители на листите на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се професорката Гордана Силјановска во Изборната единица (ИЕ) 1, Владо Мисајловски во ИЕ 2, Игор Јанушев во ИЕ 3, Александар Николовски во ИЕ 4, оперскиот пејач Игор Дурловски во ИЕ 5 и Дафина Стојановска во ИЕ 6.

СДСМ за овие избори направи коалиција со БЕСА, која на кандидатските листи има 14 членови на партијата.

Носител на листата на СДСМ во ИЕ 1 е актуелниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во ИЕ 2 – Оливер Спасовски, во ИЕ 3 е генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, во ИЕ 4 е лидерот Зоран Заев, воп ИЕ 5 е министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и во ИЕ 6 е лидерот на БЕСА, Билал Касами. Карактеристично за овие листи е тоа што е запазено правилото половината од кандидатите да бидат жени.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе биде носител на кандиидатската листа на партијата во ИЕ 6, Талат Џафери во ИЕ 5, поранешниот министер за економија Беким Незири во ИЕ 3, министерот за образование Арбр Адеми во ИЕ 2 и партискиот потпретседател, Изет Меџити во ИЕ 1.

ДПА има кандидатски листи во пет изборни единици. Носител на листата со кандидати за пратеници во ИЕ 6 е лидерот на партијата Мендух Тачи, во ИЕ 1 е Ниметула Демири, во ИЕ 2 е Орхан Ибрахими, во ИЕ 3 е Сами Рушити, во ИЕ 5 е Васви Доко. Партијата ќе нема свои кандидати во ИЕ 4.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села е носител на кандидатската листа на коалицијата со Алтернатива во ИЕ 6, додека Африм Гаши од Алтернатива е носител во ИЕ 2. По потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, ДИК ќе изврши ждребка за определување на билбордите за политичко рекламирање.

Дик избори Кодекс потпишување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.