Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов биланс од земјотресот во Албанија: Само во Тирана и Драч оштетени околу 500 објекти

0
By Нова ТВ on September 22, 2019 ВЕСТИ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На средба во Министерството за одбрана со првите луѓе на Тирана и на Драч се изнесени најновите податоци за штетите од земјотресот што вчера попладне ја Албанија. Министерката Олта Џачка, посочи дека главно регистрирана е само материјална штета.

„За среќа нема жртви. Застрашувачки и небезбеден момент. Ќе дадеме се од себе за да ги сместиме погодените. Ќе направиме добра работа сите ние за подобро информирање и со цел да не ја пропуштиме потребната грижа. Што побрзо ќе формираме групи за проценка за да се обезбеди секој дека ќе биде обесштетен“, рече Џачка.

Префектот на Тирана, Сузана Јахолари информираше за сите преземени активности, формирање центри за сместување, поставување шатори, распределба на ќебиња, вода и потребна здравствена услуга.

„Моментално се работи на теренско евидентирање на оштетените објекти. Оштетени се 244 куќи и 20 станбени згради. Евидентирањето продолжува“, рече Јахолари.

Според нејзиниот колега од Драч, Роланд Насто како оштетени досега се регистрирани 188 куќи, 9 станбени згради и две училишта. Од 56 лица кои побарале лекарска помош 21 биле со скршеници.

Премиерот Еди Рама откако упати критики до Насто за лошото менаџирање на ситуацијата, му наложи да ги отвори вратите на градскиот стадион за да може да се постават шатори и да се сместат дел од жителите. Владата веќе отвори неколку пунктови во двата града на кои се дели храна, вода и друга помош на најзагрозените. Министерството за образование и наука соопшти дека утре наставата продолжува нормално, бидејќи не се регистрирани поголеми оштетувања врз училишните објекти.

Албанија земјотрес последици штети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.