Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов хибриден напад врз Заев со идентитетот на Грета Тунберг

0
By Нова ТВ on November 28, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: irishtimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хекери се обиделе преку злоупотреба на идентитетот на младата активистка за климатски примени Грета Тунберг  да воспостават контакт со премиерот Зоран Заев. Хибридниот напад бил пресретнат, потврден и разобличен пред неколку дена објави советникот за односи со јавност, Марјан Забрчанец во рамки на дискусијата за дезинформации на конференцијата е-Општество.

„Телефонскиот разговор бил реализација по претходно користење на официјални брендирани мејл адреси и телефонски броеви, хибридни центри за манипулација и преку официјален контакт со македонско дипломатско претставништво пришто претставувајќи се како Грета Тунберг и нејзиниот татко. Разговорот се оствари пред неколку дена, но иако одредени делови во него биле сомнителни, сепак, премиерот одлучи разговорот да се реализира до крај со цел да се разоткрие сомнежот“, истакна Забрчанец.

Фото: theatlantic.com

Веднаш по завршениот разговор биле направени сите неопходни проверки за верификација на идентитетот на соговорникот и се потврдило дека е станува збор за хибриден комуникациски напад врз кабинетот на премиерот. Веднаш било стапено во контакт и со семејството на Грета Тунберг пришто биле запознати со сите детали. Од таму бил добиен одговор дека и тие се многу вознемирени од ваквата вест и најавиле дека случајот со злоупотреба на нивниот идентитет ќе го пријават до надлежните органи.

Грета Тунберг, шведската тинејџерка која покрена движењето за борба против климатските промени Fridays for Future, го сврте светското внимание врз себе особено по обраќањето во Њујорк на климатскиот Самит на Обединетите нации. Од говорницата упати порака до светските лидери дека планетата умира поради нивните празни зборови и предизвика различни реакции во јавноста, од громогласни аплаузи до оспорувања и тврдења дека со неа манипулираaт нејзината алчна мајка и експерт за односи со јавноста.

Девојчето на возраст од 16 години за само 12 месеци стана лице на борбата за спас на планетата од глобалното затоплување и во септември беше промовирана како една од добитниците на алтернативниот Нобел, наградата „Рајт лајвлихуд“ за нејзината инспиративна акција за итна борба против климатските промени што се заснова на научни факти. Грета стана позната низ целиот свет на 15-годишна возраст, откако секој петок бегаше од училиште со цел да протестира против климатските промени пред шведскиот парламент. Нејзиниот пример го следеа врсници низ целиот свет што спонтано прерасна во глобално движење наречено „Петоци за иднината“.

Мајката на Грета е оперската пејачка и соработничка на „Евровизија“, Малена Ернман, а нејзиниот татко е актерот Сванте Тунберг. Грета во една пригода изјави дека таа прво дознала за климатските промени на осумгодишна возраст и речиси веднаш прашала зошто возрасните не го сфаќаат тоа сериозно.

Овој случај на хибриден напад е многу пософистициран од случајот со руските пранкери, но преземените мерки на внимателност и сеопфатност во комуникацијата и проверките, овозможија случајот да биде разоткриен и разобличен. Овој случај потврдува дека центрите за манипулација користат скапи и софистицирани ресурси кои веќе имаат капацитет да злоупотребуваат идентитети на глобални личности.

Ваквите хибридни напади врз демократските влади имаат цел да ги затворат и заплашат отворените општества. Но, Владата, како што велат од Кабинетот на Заев, и натаму ќе биде отворена и транспарентна во својата комуникација.

Грета Тунберг Зоран Заев Хибриден напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.