Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов пехар за Барселона, Кире Лазаров го освои 52 трофеј во кариерата

0
By Нова ТВ on December 18, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ракометарите на Барселона се освојувачи на АСОБАЛ Купот на кој настапуваат најдобрите четири екипи од есенскиот дел во шампионатот на Шпанија. Во финалето во Леон попладнево Каталонците ја совладаа екипата на Гранолјерс со 30:25 (полувреме 15:13).

По вчерашната победа против Ла Риоха, ракометарите на Барселона одиграа уште еден финален меч против Гранолјерс, како и во ланските изданија на кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија и Каталонија оваа сезона.

Во екипата на Барселона се истакнаа Лазаров со 9 и Томас со 7 гола, а кај Гранолјерс најефикасен беше Фигерис Трехо со 4 гола. Ова е трета титула оваа сезона за екипата на Лазаров и Ристовски по АСОБАЛ Суперкупот и Суперкупот на Каталонија.

Со освојувањето на АСОБАЛ Купот во Леон, Кире Лазаров, нашиот репрезентативен капитен дојде до бројката од 52 трофеја во кариерата.

Сите трофеи на Кирил Лазаров:

Освојувач на Лигата на шампионите:
1 пат (со Барселона/Шпанија)

Освојувач на ИХФ Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид/Шпанија; 2 со Барселона/Шпанија)

Национален првак:
17 пати (2 со Пелистер/Македонија; 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб)/Хрватска; 5 со Фотекс Веспрем/Унгарија; 3 со Барселона/Шпанија)

Освојувач на националниот Куп:
17 пати (2 со Пелистер/Македонија; 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб)/Хрватска; 5 со Фотекс Веспрем/Унгарија; 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид)/Шпанија, 3 со Барселона/Шпанија)

Освојувач на АСОБАЛ Купот:
5 пати (1 со Атлетико Мадрид/Шпанија; 4 со Барселона/Шпанија)

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
6 пати (2 со Атлетико Мадрид (Сиудад Реал)/Шпанија; 4 со Барселона/Шпанија)

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
2 пати (Барселона/Шпанија)

 

Барселона Кире Лазаров ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.