Нов пожар утринава избувнал во кругот на фабриката „Треска“, јавува Сител.

Овојпат горел друг дел, а противпожарната бригада интервенирала со две возила.

Во наредните денови на терен ќе има и дежурен тим, кој ќе го надгледува местото за да се спречи евентуално нов пожар.