Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов предлог за името: Република Илинденска Македонија

7
By Нова ТВ on May 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Република Илинденска Македонија“ е  предлогот за решавање на спорот за името, за кој вчера во Софија разговарале македонскиот и грчкиот премиер Заев и Ципрас, потврдија за НОВА дипломатски извори. Предлогот бил наводно прифатлив и за грчката страна, која инсистира новото име да важи „ерга омнес“ .

Пакетот решение за спорот освен новиот предлог за името, предвидува јазикот – да биде македонски. Во графата – националност, според предлогот ќе да биде запишано: Македонски/граѓани на Република Илинденска Македонија, а нема да има промена на меѓународните кодови и ќе продолжат да се користат кратенките, МК/МКД.

Премиерот Заев вчера потврди дека се разговара за пакет решение за спорот. По средбата со Ципрас во Софија изјави дека  разгледале неколку опции, од кои една била прифатлива и за двете страни.

Идејата е со референцата „Илинденска“  да се потврди историскиот континуитет на државата на кој се реферира и во Преамбулата на Уставот. Досега се преговараше за географски референци – во последниот сет предлози од  Нимиц беа: Горна, Северна, Вардарска.

За разговорите со Ципрас, Заев најави дека ќе се консултира со Претседателот и со лидерот на опозицијата.

„Продолжуваме дома со консултации со институциите, и ако е возможно тоа, веројатно ќе имаме решение. Потврдивме дека стоиме како премиери на сето тоа што беше постигнато. За тоа што беше останато разгледавме неколку опции и утврдивме една опција. Но мора да внимаваме како тоа ќе биде спроведено. Ќе разговараме со претседателите на државите и другите лидери, и со опозицијата“, изјави Заев на прес- конференцијата во Софија.

Грчкиот премиер Ципрас по завршувањето на разговорите во Софија кажа дека постојат голем број предлози, некои алтернативни, но дека ништо не е конечно договорено.

„Ги разгледуваме чекор по чекор сите детали. Не сме, се уште не сме во позиција да говориме за договор. Ќе постојат и следни чекори. Заедничка цел е да имаме резултат пред Самитот на крајот од јуни и неколку дена пред самитот на европските министри за надворешни работи “, изјави Ципрас на прес-конференција во Софија, а пренесе Катимерини.

 

Заев Република Илинденска Македонија спор за име Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.