Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов тип терапија за пациентите со хепатитис Ц за целосно излекувување

0
By Нова ТВ on November 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 22, 2018 13:53

Пациентите со хепатитис Ц (вирусно заболување кое го напаѓа црниот дроб и има многу брза прогресија) ќе примаат нов тип терапија со што ќе се овозможи нивно целосно излекување. Станува збор за донација од американска фондација, беше истакнато на денешната прес-конференција на Клиниката за инфективни болести.

– Имаме терапија за околу 150 апциенти, ќе се спречи напредувањето на нивната болест и појава на цироза, рак и трансплантација. Досегашната терапија не овозможуваше целосно излекување, многу често болеста напредуваше до тој степен што на пациентите им беше потребна трансплантација и постоеше ризик од развој на различни степени на цироза или хепатоцелуларен карцином, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Клиниката.

Посочи дека таа терапија во развиените земји постои години наназад и изрази надеж дека соработката со Фондацијата ќе продолжи и во други сфери, а во корист на пациентите.

Директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ рече дека во таа јавна здравствена установа и на Клиниката за гастроентерохепатологија, се спроведува третманот и веќе во тек е регрутирањето пациенти кои ги исполнуваат условите за отпочнување со третманот со новата терапија.

– Тестирањата се во тек. Има пациенти кај кои таа процедура е завршена. Работиме на развивање комплетна стратегија, што значи превенирање и третирање на хроничен хепатитис Ц, кој е од огромно значење за искоренување на инфекцијата, додаде Стевановиќ.

Директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија, Калина Гривчева Старделова рече дека има голем број млади кои имаат цироза и хепатоцелуларен карцином. Посочи дека веќе почнале да ја даваат терапијата на пациентите.

На Клиниката за гастроентерохепатологија се регистрирани 30 пациенти кои имаат потреба од антивирусна терапија.

– Еден дел од нив се од генотип 1 и генотип 4, за кои е оваа терапија. За да можат да ја добијат терапијата пациентите не треба да им биде оштетен црниот дроб. Ќе бидат излекувани сите пациенти на Клиниката кои биле издетектирани дека се позитивни на хепатитис Ц, генотип 1 и 4. Имавме комуникација со Нефрологија, каде има ризична група пациенти кои одат на дијализа или се трансплантирани, за да се препратат во гастро, да поминат детекција, за да можат тие што ќе ја поминат селекцијата да добиваат терапија. Има доволно терапија не само за пациентите на гастро, инфективна, туку и за пациентите од друга патологија, додаде Гривчева Старделова.

Инфективна терапија Филипче хепатиц Ц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.