Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова „бомба“: Мицкоски ги убедувал исклучените од ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат за Законот за јавно обвинителство

0
By Нова ТВ on July 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 12, 2020 13:42

На Јутјуб се појавија неколку снимки на кои се слуша гласот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Една од снимките е насловена како „Најважна  работа се предметите на СЈО“. Во снимката Мицкоски зборува за активности и набројува дека третата е најважна, а тоа е Законот за јавно обвинителство. Во снимката се слуша како тој објаснува дека на нелегален начин предметите од СЈО префрлаат во надлежност на Јавното обвинителство, иако тоа беше решение за да не пропаднат постапките кои се водат пред судот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=37&v=IK75BQ2jSo4&feature=emb_title

„Понатаму, третата активност која што е не помалку важна, можеби најважна, е Законот за јавното обвинителство. На комплетно нелегален начин ги префрлија предмет таму каде што ги префрлија и тоа за нив беше силно доволно за да продолжат политичките притисоци, уцени, закани, за политички неистомисленици. И они немаат желба понатаму да има решение по закон, иако фингираат преговори пред меѓународна заедница и пред нас и така натаму“, вели Мицкоски во снимката.

Во снимката насловена како „Лицемерие на Мицко“, се слуша како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека барал од општинските комитети да не ги напаѓаат осумте пратеници.

„Јас во изминатиот период како претседател на ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ја поминав Македонија вклучувајќи ги и претседателските избори, ниту еднаш не ми ја спомнаа…, а во општинските комитети секаде без исклучок, претпоставувам Ви пренесуваат барав да не бидете напаѓани“, вели Мицкоски, по што се слушаат пратениците кои коментираат, за потоа, Мицкоски да продолжи: „Е па ете, јас ви го кажувам тоа….мора да ве верувате во тоа што ви е пренесено…“.

Третата снимка има наслов „Вистината еден ден ќе излезе“ и се слуша како Мицкоски им вели на пратениците дека работите не се црно бели, а по 12-ти ќе мора да се погледнат во очи и да си ја кажат вистината.

„Знаеш што, работите не се црно бели, секој има своја субјективна причина како ќе изгледа. Јас нема да навлегувам во материјална дискусија како било, што било, но еден ден како што велиш ти, вистината ќе мора да излезе на виделина. Ќе мора да се каже вистината, да се погледнеме во очи да си ја каже вистината. Еве јас, тој ден го чекам. Тој ден сега не може да биде. Прво на вас ќе ви биде непријатно да ја кажете вистината, ама кога ќе се сменат работите после 12-ти, се надевам дека ќе се погледнеме вака сите во очи, овдека или на друго место, и ќе си ја кажеме вистината. Но она што е сега…“, вели Мицкоски во снимката.

Во последната снимка која е објавена денеска, со наслов „Мицко со 8те независни од ВМРО понуда на маса“, Мицкоски им вели на пратениците да размислат до следната средба, каде тој и партијата ќе излезат со понуда.

„На следните парламентарни избори. Јас не знаев дека постои амбиција од тој, Сашо дека, се очекува понуда…. Се надевам дека многу скоро, на следната наша средба можеме и ние да размислиме за една таква понуда и да излеземе со понуда“, вели Мицкоски во снимката.

Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои Мицкоски ги исклучи од партијата и се огради од нив, минатата недела преку соопштение објавија дека тој им ветувал дека со него ќе им биде подобро, а за разговорите кои јавно се објавуваат, кажаа дека покажуваат кој гласал по сопствено убедување, а кој бил платен за тоа.

Независна пратеничка група СЈО Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.