Најубавото од и за Нова Година се прегратките и бакнежите. Не штедете го овој обновлив ресурс и споделете ја својата љубов и среќа со другите. Во 2026 година НОВА ви посакува многу, многу пргратки и многу, многу бакнежи!!
Новата Година претставува еден од највеселите празници – ден кога речиси никој не оди на работа, ден кога се трудите да уживате со оние што ги сакате и ден кога вашето расположение треба да биде максимално позитивно.
Самиот чин на испраќање на Старата и дочекување на Новата Година е длабоко вкоренет во религијата, но и во културата на европската и голем дел од светската цивилизација.
Точниот податок кога Новата година станала официјален празник не е познат, но се смета дека уште пред 4.000 години Вавилонците го одбележувале овој празник.
Интересно е што и Римјаните ја славеле Новата година, но нивниот календар се менувал со секој нов владетел, сѐ до 153 година пред новата ера, кога Римскиот сенат го утврдил1 -ви јануари како почеток на новата година.
Новата година во светот се славела на различни начини и првично биле актуелни различни датуми.
И денес ја има кинеската Нова година која се слави во февруари, како и кинескиот хороскоп кој целосно се разликува од хороскопот на западната цивилизација.
Новогодишните обичаи исто така се разликуваат од земја до земја, па така германските народи го вовеле китењето на елката, односно божиќното дрво.
Два века по Германците, елката почнуваат да ја китат и другите европски народи, а овој обичај се пренесува и на американскиот континент.
Новата година низ историјата се славела согласно времето во кое се живеело, но некако секогаш подразбирала многу бучава, помпа, алкохолни и безалкохолни пијалаци, додека денес неизоставен детал е огнометот, како и размената на подароци.
Уште од раните периоди на историјата потекнува обичајот на новогодишни паради, кои и денес се практикуваат во некои западноевропски земји. Главната улога на парадите е создавање бучава со цел да се избркаат злите духови и демони, а таму каде што нема паради, замена може да биде свирењето на автомобилски сирени, чукањето со чаши, удирањето по тапани и тенџериња, како и гласна музика.
Еден од значајните новогодишни обичаи што се практикуваат во сите делови на светот се таканаречените завети и ветувања.
Обичајот на новогодишни завети потекнува од периодот на Вавилон, кога луѓето едни на други им ветувале дека ќе ги вратат алатките за работа. Новата година може да биде збогатена со понови завети, како што се престанување со пушење, држење диета, штедење, учење, верност, завршување факултет, подобро однесување и слично.
Новата година во повеќето европски градови има посебна семејна нота. Тоа е период на простување и собирање во топол семеен амбиент со членовите на потесното и поширокото семејство, како и со пријателите. Богатата новогодишна трпеза и украсениот ентериер го подигнуваат нивото на свеченост на овој единствен чин.
Нова Година не секогаш започнувала на 1-ви јануари.
Во некои земји, како Венецијанската република и Русија до 15 век, првиот ден од Нова Година бил 1-ви март.
Поради временските услови, некои можеби би се вратиле на некогашниот датум, но тоа е невозможно во денешниот свет, па Нова Година останува меѓународен празник кој се слави на 1-ви јануари.
Иако западната цивилизација вели едно, православниот свет во глобала не се согласува со овој датум, па оттука и празникот Православна Нова Година. 14-ти јануари е датумот кога според јулијанскиот календар се слави влезот во новата година иако со прецизно пресметување на времето е утврдено дека јулијанскиот календар е неточен и дека за неколку стотици години ќе се помести датумот и на православниот Божик, како и на другите празници.
Сепак, иако православните верници традиционално ја одбележуваат православната нова година, акцентот е на прославата на новата година на 1-ви јануари кога слави и остатокот од планетата.
Прегратки, бакнежи и подароци
Можеби еден од најубавите новогодишни обичаи се прегратките и бакнежите. Затоа, не штедете го овој обновлив ресурс и споделете ја својата љубов и среќа со другите. Ви посакуваме што повеќе бакнежи во наредната година.
Традиционално, на Новас Година се разменуваат и подароици. Слатки и играчки за децата и пригодни дребулии за возрасните.
Новата година низ историјата се славела согласно времето во кое се живеело, но некако секогаш подразбирала многу бучава, помпа, алкохолни и безалкохолни пијалаци, додека денес неизоставен детал е огнометот, како и размената на подароци.
Паради и бучава и завети и ветувања
Уште од раните периоди на историјата потекнува обичајот на новогодишни паради, кои и денес се практикуваат во некои западноевропски земји. Главната улога на парадите е создавање бучава со цел да се избркаат злите духови и демони, а таму каде што нема паради, замена може да биде свирењето на автомобилски сирени, чукањето со чаши, удирањето по тапани и тенџериња, како и гласна музика.
Еден од значајните новогодишни обичаи што се практикуваат во сите делови на светот се таканаречените завети и ветувања. Обичајот на новогодишни завети потекнува од периодот на Вавилон, кога луѓето едни на други им ветувале дека ќе ги вратат алатките за работа.
Новата година може да биде збогатена со понови завети, како што се престанување со пушење, држење диета, штедење, учење, верност, завршување факултет, подобро однесување и слично.
Во повеќето европски градови Нова Година има посебна семејна нота. Тоа е период на простување и собирање во топол семеен амбиент со членовите на потесното и поширокото семејство, како и со пријателите. Богатата новогодишна трпеза и украсениот ентериер го подигнуваат нивото на свеченост на овој единствен чин.
Прегратки и бакнежи
Најубавото од Нова Година се прегратките и бакнежите.
Не штедете го овој обновлив ресурс и споделете ја својата љубов и среќа со другите.
Во 2026 година НОВА ви посакува многу, многу пргратки и многу, многу бакнежи!!





