Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – Седумдневен серијал интервјуа на МИА со седумтемина претседателските кандидати – акценти во избор на НОВА

0
By Marija Todorovska on April 4, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 4, 2024 15:43

Стевчо Јакимовски

Претседателската функција, како највисока и најодговорна во државата, треба да ја врши човек со искуство во политиката, достоинствен и подготвен да не попушти под каков било притисок кога се загрозени интересите на граѓаните, Јакимовски.

Ќе се залага за промени во делегирањето на членовите на Републичкиот судски совет, во Уставниот суд, за амбасадори професионалци, за обновување на врската со дијаспората. Сегашните геополитички околности, според него, баарат брз прием на целиот регион во Европската унија. Останува на ставот да нема промена на Уставот за влез на Бугарите се додека не се затворат сите прашања за наше зачленување во ЕУ.

Циркус и обид да се помогне на оние кои ветуваат промена на Уставот преку елиминирање на тие кои пречат најмногу во тоа и кои имаат најтврди ставови. Вака Јакимовски гледа на неговото ставање на американската „црна листа“ што се случи истовремено со потврдата на неговата претседателска кандидатура. Смета дека со таа околност во претседателската трка стартува со минус шест бода, како фудбалскиот клуб Вардар кој своевремено беше казнет да влезе во следна сезона со таков стартен резултат.

Истакнува дека се залага за декриминализација во урбанизмот односно корупцијата да се намали со ослободување на сите функционери од каков било потпис. Од Западот, според него, ниту тоа не ни го дозволуваат, како што вели, „за да може да не имаат во раце, па кога сакаат да активираат кривични пријави, да измислуваат вакви листи, да се мешаат во изборни процеси“.

Спорред него потребен е брз прием на цел Балкан во Европската унија со оглед дека „има сериозни предизвици, светот е пред трета светска војна и може многу лесно да се случи Македонија и цела Европа да ги зафати  воен вител“.

Во Републичкиот судски совет вели дека треба да членуваат угледни адвокати, професори по одредена проблематика и долгогодишни судии, а не, како што посочува,  луѓе кои не се судии или не се правници со долгогодишно искуство во судница и добиени предмети.  

За Уставниот суд забележува дека „не смее да биде продолжена рака на партите и во него да бидат делегирани професионалци кои немаат никава обврска кон ниту една политичка партија, туку треба да ги интересира само Уставот и ништо повеќе од тоа“.

Смета дека треба максимално да се издвојуваат средства за техничка и технолошка подготвеност на Армијата и материјалните услови за армиските припадници.

Јакимовски, во однос на тоа што би го издвоило од досегашните претседатели вели дека не би бил противник на Владата, но дека не значи дека е паметно  се што ќе смисли Владата.  Во тој контекст го наведува проектот за автопатите со „Бехтел и Енка“, кој за него е класична корупција озаконета со закон во Парламентот.

Во делот на надворешната политика смета дека амбасадори треба да бидат исклучиво професионалци како и да се обноват врската со дијаспората.

Во случај да биде избран за претседател би го доверил мандатот на тој што ќе донесе одлука на конгрес дека нема да го менува Уставот и дека нема да влезат Бугарите во Уставот додека не се затворат сите прашања вели претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во видео интервју за медиумската новинска агенција.

Избори 2024 интервју Стевчо Јакимовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.