Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова средба на корејските лидери – средбата со Трамп повторно во игра

0
By Нова ТВ on May 27, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна и Јужна Кореја разгледуваат отпочнување преговори за склучување мировен договор, кој би офатил и ветување од САД за ненапаѓање, соопшти висок претставник на властите во Сеул.

– За успех на средбата на врвот Северна Кореја-САД разгледуваме различни начини да ја смириме севернокорејската вознемиреност по прашањето на бебзедноста. Тоа би вклучило крај на непријателските односи, взаемно ветување за ненапаѓање и почетокт на прегооври за мировен договор, што ќе ја замени сегашната спогодба за примиерја, нагласи истиот извор.

Во исто време, јужнокорескиот претседател Мун Џе-ин изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун на вчерашаната нивна средба му ја потврдил својата желба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 12 јуни во Сингапур.

– Ким Јонг-ун ја потврди и својата посветеност на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров, изјави денеска Мун на прес-конференција во Сеул, посветена на неговата вчерашна средба со севернокорејскиот лидер во пограничното место Панмунџом.

Мун нагалси дека Пјонгјанг е вознемирен поради тензиите во односите со Вашингтон и затоа сака билатерални средби со САД за гарантирање на безбедноста на земјата.

– Се надевам дека по успешните преговори меѓу лидерите на САД и Северна Кореја, ќе се одржи и трилатерана средба на врвот со учество и на Јужна Кореја, на која ќе биде потпишан и документ за официјално завршување на Корејската војна, додаде Мун.

Трамп синоќа изјави дека САД продолжуваат да се залагаат за одржување на првиот во историјата американско-севернокорејски самит на 12 јуни во Сингапур и подготовките за него се одвиваат добро.

– Многу добро се подготвуваме во врска со средбата на врвот со Северна Кореја. Се се одвива убаво. Ќе видиме на 12 јуни во Сингапур. Тоа не се промени, Ќе видиме што ќе се случи, изјави Трамп по средбата со Американнецот Џошуа Холт, кој вечера беше ослободен од Венецуела, по две години минати во затвор.

Трамп во четвртокот ја откажа неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, закажана за 12 јуни во Сингапур, поради, како што нагласи, меговиот „огромниот гнев и отвореното непријателство во неодамнешната изјава“.

– Се радував однапред дека ќе бидам таму со вас. За жал, поради огромниот гнев и отвореното непријателство манифестирано во последната изјава, сметам дека е непримерно, во овој момент, да се одржи овој долго планиран состанок, напиша Трамп во писмо упатено до севернокорејскиот лидер, со кое ја откажа средбата.

Меѓутоа, Трамп во петокот изјави дека сепак е можно да се сретне со Ким на 12 јуни во Сингапур, како и што беше планирано. Тој порача дека ќе почека да види што ќе се случи во услови кога „сите играат игри”, додавајќи дека првичниот датум за средбата и натаму е во игра.

Белата куќа вчера соопшти дека нејзин тим ќе отпатува за Сингапур како логистичка поддршка за подготовка на евентуална средба меѓу Трамп и Ким.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека логистичкиот тим ќе отпатува за Сингапур за да го подготвува самитот, како што било планирано и пред откажувањето на средбата од страна на Трамп.

Јужна Кореја Северна средба Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.