Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова средба на телото за помирување-го повикаа Заев да го каже ставот

0
By Нова ТВ on November 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Интерпатиската парламентарна група за интеграција, реформи и помирување денеска треба да го одржи вториот состанок, на кој е поканет премиерот Зоран Заев да го образложи својот став.

На првиот состанок пред два дена постигната е согласност за формирање три работни подгрупи и за динамиката на работата на ова тело.

Копретседавачот на телото, потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски по состанокот рече дека ваквите одлуки се донесени во интерес на процесите што претстојат за промовирање атмосфера на комуникација и соработка во контекст на ЕУ интеграциите.

Трите работни подгрупи се  однесуваат за реформи, интеграција и помирување. Овие три работни подгрупи ќе имаат можност и право да ја консултираат стручната јавност за прашањата кои ги дебатираат со што се дава инклузивност на целиот процес.

– Сите овие процеси кои се взаемно условени мора да дојдат во еден здив во пријатна атмосфера каква што имавме на денешниот состанок и пред се со консензус за наднационалните интереси на РМ кои првично не помируваат, а тоа е иднината на Македонија во НАТО што го очекуваме во јануари преку потпишување протокол за членство. Уставните измени и спроведување на обврските од Договорот од Преспа и најважната задача, а тоа е евроинтеграциската агенда која не исправа пред обврска да добиеме датум за почеток на преговорите и исполнување на критериумите за право и правна држава, рече Ташевска Ременски.

Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ која е исто така копретседавач со Координативното тело за помирување, истакна дека очекува забрзување на процесот на помирување, на реформите и на интеграцијата.

– Ние го дадовме нашиот влог на 19 октомври. Очекуваме процесите да добијат на динамика и да се отпочне со нивна имплементација. Ова се условени процеси, не се бланко потписи и затоа ги повикуваме сите учесници, а пред се власта и премиерот Заев да почне уште денеска со својот придонес кон забрзување на овој процес. Сепак, не очекуваат процеси кои нема да бидат лесни за сите, но ние како независни пратеници одлучивме дека треба да застанеме на таа страна на нашата држава и дека во оваа ситуација нема простор за импровизација, рече Александрова.

Таа потврди дека не постои нацрт закон и оти процесот во моментов е во фаза на изнесување предлози и сугестии за можни решенија во однос на амнестијата. Очекува што е можно побрзо разврска за настаните од 27 април.

-Не му кажуваме на судството како да ја мери вината, но може да му укажеме да има фер судење и внимателен пристап за настаните од 27 април, рече Ременски, додавајќи дека телото нема намера да биде над обвинителството и над судовите.

-Наша идеја е да разгледаме можност за сугестии и предлози кои ќе ги консултираме со експерти, рече таа.

Координативното тело за помирување има 15 члена од владејачкото мнозинство, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници кои немаат пратенички групи.

Во телото не учествуваат претставници на Беса, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците.

Состанок Тело за помирување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.