Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Телото за помирување формира три работни подгрупи

0
By Нова ТВ on November 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 28, 2018 14:05

Интерпатиската парламентарна група за интеграција, реформи и помирување на денешниот прв состанок постигнала согласност за формирање три работни подгрупи и за динамиката на работата на ова тело.

Копретседавачот на телото, потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски, на денешната прес-конференција по состанокот истакна дека ваквите одлуки се донесени во интерес на процесите што претстојат, а со цел промовирање атмосфера на комуникација и соработка во контекст на ЕУ интеграциите.

-Не му кажуваме на судството како да ја мери вината, но може да му укажеме да има фер судење и внимателен пристап за настаните од 27 април, рече Ременски, додавајќи дека телото нема намера да биде над обвинителството и над судовите.

-Наша идеја е да разгледаме можност за сугестии и предлози кои ќе ги консултираме со експерти, рече таа.

Трите работни подгрупи се  однесуваат за реформи, интеграција и помирување. Овие три работни подгрупи ќе имаат можност и право да ја консултираат стручната јавност за прашањата кои ги дебатираат со што се дава инклузивност на целиот процес.

– Сите овие процеси кои се взаемно условени мора да дојдат во еден здив во пријатна атмосфера каква што имавме на денешниот состанок и пред се со консензус за наднационалните интерси на РМ кои првично не помируваат, а тоа е иднината на Македонија во НАТО што го очекуваме во јануари преку потпишување протокол за членство. Уставните измени и спроведување на обврските од Договорот од Преспа и најважната задача, а тоа е евроинтеграциската агенда која не исправа пред обврска да добиеме датум за почеток на преговорите и исполнување на критериумите за право и правна држава, рече Ташевска Ременски.

Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ која е исто така копретседавач со Координативното тело за помирување, истакна дека очекува забрзување на процесот на помирување, на реформите и на интеграцијата.

– Ние го дадовме нашиот влог на 19 октомври. Очекуваме процесите да добијат на динамика и да се отпочне со нивна имплементација. Ова се условени процеси, не се бланко потписи и затоа ги повикуваме сите учесници, а пред се власта и премиерот Заев да почне уште денеска со својот придонес кон забрзување на овој процес. Сепак, не очекуваат процеси кои нема да бидат лесни за сите, но ние како независни пратеници одлучивме дека треба да застанеме на таа страна на нашата држава и дека во оваа ситуација нема простор за импровизација, рече Александрова.

Таа потврди дека не постои нацрт закон и оти процесот во моментов е во фаза на изнесување предлози и сугестии за можни решенија во однос на амнестијата. Очекува што е можно побрзо разврска за настаните од 27 април.  Следниот состанок на Координативното тело ќе се одржи во петок, а на состанокот како што кажаа пратеничките ќе биде поканет и премиерот Зоран Заев да ги образложи своите гледишта, а кој веќе изрази желба да учествува во работата на ова тело.

Ташевска Ременски упати и апел до пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во работата на ова тело.

Александрова Ременски Тело за помирување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.