Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио по победата над домашниот тенисер Кеи Нишикори со 6:2, 6:0, за што му беа потребни околу 70 минути.
Ѓоковиќ, кој освои бронзен медал на Игрите во Пекинг во 2008 година, за противник во полуфиналето ќе го има поуспешниот од натпреварот меѓу петтиот тенисер на светот, Германецот Александар Зверев и Французинот Жереми Шарди.
Втората полуфинална двојка на турнирот во Токио ја сочинуваат Пабло Карењо Буста од Шпанија и Карен Хачанов од Русија.