Во Германија се потврдени нови 210 случаи на коронавирус, соопшти Институтот „Ројберт Кох“, со што бројот на заразени во земјата се зголеми на 1.112. Најголем дел од нив (484) се регистрирани во западниот регион кој важи за најнаселен во Германија.
Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан вчера ги повика организаторите на настаните во земјата да размислат за одложување на сите собири со повеќе од 1.000 учесници во согласност со мерките за спречување на ширење на новиот коронавирус. Тој во изјава за агенцијата ДПА изјави дека смета оти сè уште се организираат премногу настани, како што се спортски игри, концерти и саеми.
„Свесен сум за последиците што тоа ќе ги има врз граѓаните и организаторите, ќе разговараме за тоа како ќе се однесуваме кон економските последици во наредните неколку дена“, рече Шпан.