Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови 29 оклопни возила за АРМ од САД

0
By Marija Todorovska on August 15, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 15, 2025 13:51

Вложување во модернизација на Армијата и во двата многу важни коридори, а тоа се Коридорот 10 и Коридорот 8 се приоритете на Владата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со амбасадорката на САД, Анџела Агелер и министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генерал штабот на Армијата, Сашко Лафчиски присуствуваа на презентација на  новите 29 лесни оклопни возила – JLTV, во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Премиерот, Мицкоски истакна дека двата коридори 10 и 8 сега и во иднина претставуваат одлична логистика за Јужното крило на НАТО, а како што рече „каде што и ние како Македонија припаѓаме и тоа е една од нашите главни амбиции и планови во годините коишто следат“.

Кога зборуваме за вложување во Армијата зборуваме и за модернизација и конструкција на двата многу важни коридори, а тоа се Коридорот 10 и Коридорот 8 коишто во суштина не само сега, туку и во иднина ќе претставуваат одлична логистика за Јужното крило на НАТО каде што и ние како Македонија припаѓаме. Тоа е една од нашите главни амбиции и планови во годините коишто следат, модернизација на Армијата, снабдување на она коешто е потребно и дефинирање на приоритети и реализирање на тие приоритети од аспект на опрема, но и модернизација и конструкција на овие 2 важни логистички коридори за НАТО, посебно за Јужното крило на НАТО, речеМицкоски.

Претседателот на Владата посочи дека кога се инвестира и се јакне Армијата, тоа значи дека се инвестира во траен мир и во одбрана на сопствената татковина.

Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на државата, бидејќи тоа се основните услови за да можеме да развиваме општество, коешто ќе напредува и општество коешто ќе нуди иднина за сите граѓани. Нераскинлива алка од овие амбиции е и македонската Армија, изјави Мицкоски.

Амбасадорката на САД, Агелер во своето обраќање рече дека од самиот почеток на Програмата од 2019 година, всушност помогнаа во испораката на 67 возила од ваков карактер, кои се последниот крик на технологијата, вклучувајќи ги овие возила.

 Овие лесни оклопни возила ќе бидат и ќе претставуваат рбетот на Северна Македонија и конкретно на лесната Пешадиска батаљонска група, којашто всушност претставуваат физичко отсликување на улогата, којашто вие ја имате како одлучен сојузник во НАТО. Во исто време тие претставуваат олицетворение на постојаната поддршка на САД на Северна Македонија и на нејзините одбранбени способности, како и нашите споделени безбедносни цели, рече Агелер.

Амбасадорката на САД додаде дека Самитот на НАТО, ова лето покажа дека инвестицијата во воената подготвеност е повеќе од приоритет и оти станува збор за реалност и потреба.

Со овие возила во вашиот арсенал, Северна Македонија и силите на Северна Македонија ќе бидат подобро подготвени за да се соочат со предизвиците на нашата колективна одбрана, денес и во иднина. Пред 30 години САД формално ја призна и ја препозна оваа земја и склучи билатерални односи, коишто се уште ги почитуваме до денес, посочи Агелер.

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски на денешната презентација на новите 29 лесни оклопни возила – JLTV, во касарната „Јане Сандански“ во Штип истакна дека капацитети на Армијата продолжуваат да се зајакнуваат. Новите 29 оклопни возила се набавени преку договорот Влада со Влада, а дополнително се очекува да пристигнат и нови оклопни возила, коишто исто така се од американско производство.

Возилата кои ги гледаме овде во касарната „Јане Сандански“ во Штип се предвидени за лесната Пешадиска батаљонска група, нашата декларирана единица, којашто ќе биде подготвена за упатување на мисии во случај на потреба, истакна Мисајловски.

Тој додаде дека досега се испорачани 67 оклопни возила, а до  крајот на годината се очекува да пристигнат и останатите околопни возила. Согласно овој проект предвидено е македонската Армија да има 96 оклопни возила. Мисајловски посочи дека со САД се склучени уште седум договори за набавка на опрема на специјалните сили, беспилотни системи, опрема за сајбер заштита, лесно пешадиско вооружување, како и средства за лична заштита.

АРМ САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.