Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови 470 заболени од грип, најмногу во Дебар, а петмина имале и флурона

0
By НОВА ТВ Balaban on January 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заболените се од 15 центри за јавно здравје во земјата, во Дебар – 156, во Тетово – 78, во Гостивар – 62, во Кавадарци – 42, во Куманово – 29, во Велес и Скопје – по 27, во Охрид – 24. Најчесто се заразуваат деца до 4 години, а вирусот на грип најмногу се шири во Дебар

Се зголемува бројот на заболени од грип во земјава и тоа за дури 26 пати во текот на првата недела од 2022 година (03-09.01.2022), споредено со првата  недела од минатата сезона и пријавени се 470 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип. Најчесто се заразуваат деца до 4 години, а вирусот на грип најмногу се шири во Дебар, обелоденува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од позитивните примероци од рутинскиот надзор, кај 5 е потврдена инфекција со грип и ковид-19 истовремено – флурона.

Во оваа сезона (2021/2022) вкупниот број на случаи на грип и заболувања слични на грип изнесува 2.183 или 105,5 на  100.000 жители.

Како што се вели во извештајот, во првата недела од јануари, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнале 224 материјали за лабораториско тестирање на грип, од кои 9 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и ковид-19. Притоа, детектирани се 40 (17,9%) позитивни случаи, 35 од рутинскиот
надзор и 5 позитивни случаи од САРИ надзорот, сите Influenza A несубтипизирани.

Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 1-ва недела од минатата сезона (n=18) е зголемен 26,1 пати, додека, во споредба со бројот за 1-ва недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=770) се регистрира намалување од 39,0%.

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,9/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 270 лица се на возраст од 15-64 години, 121 кај деца на возраст од 5-14 години, 64 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 15 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (61,5/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 15 центри за јавно здравје во земјата, во Дебар – 156, во Тетово – 78, во Гостивар – 62, во Кавадарци – 42, во Куманово – 29, во Велес и Скопје – по 27, во Охрид – 24, а во останатите ЦЈЗ/ПЕ, бројот на пријавени е помал од 10.

Заклучно со 9 јануари, во Р.С. Македонија, вакцинирани се вкупно 49.236 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

ВО ШЕСТ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПСКИОТ РЕГИОН ГРИПОТ „КОСИ“ 

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 52-ра недела од 2021 година, продолжува да се зголемува активноста на вирусот на грип низ Европскиот регион.

23% од сите примероци од примарната здравствена заштита од пациенти со ИЛИ или АРИ симптоми биле позитивни на вирусот на инфлуенца, со доминација на Influenza A/H3.

Шест земји пријавија активност на сезонски грип над прагот на позитивност од 10%: Ерменија (78%), Израел (68%), Шведска (36%), Франција (33%), Молдавија (24%) и Албанија (18%).

Пријавени се хоспитализирани случаи со потврдена инфекција со вирусот на грип од единиците за интензивна нега и САРИ надзорот.

Вирусите на грип тип А и Б се детектирани со доминација на Influenza А(H3) во сите системи за надзор и во скоро сите САРИ случаи.

Во однос на интензитетот, 19 земји се на базично ниво, 10 се со низок и една со среден интензитет (Северна Македонија).

Според географската раширеност, 9 земји немаат активност, 10 пријавуваат спорадични случаи, 2 со локална раширеност, 4 земји – регионална и 5 (Албанија, Израел, Норвешка, Русија и Шведска) – широка географска раширеност.

(Љ.Б.)

 

грип Дебар заболени Институтот за јавно здравје Ковид-19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.