Од направени 5.315 тестирања во последните 24 часа се регистрирани нови 81 случај на Ковид – 19. Најмногу новозаразени има во Скопје и Тетово, каде се регистрирани 27, односно 25 нови случаи на вирусот. По едноцифрен број на новозаразени има во Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево по двајца, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово по еден нов случај, информира Министерството за здравство.

Во Ковид статистиката се регистрирани и 12 оздравени пациенти. Петорица се од Тетово, тројца од Скопје, двајца од Куманово и по еден пациент од Прилеп и Гостивар.

Во изминатите 24 часа, нема регистрирано починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на Ковид-19.

Во земјава од почетокот на пандемијата вкупно се заразиле 156.380 граѓани, а оздравеле 150.362, останатите 5.493 починаа.

Моментално има 525 активни случаи на Ковид – 19. Најмногу во Скопје и Тетово, каде има 171 активен случај, однсно 135 граѓани кои се заразени. Во Куманово, Прилеп, Битола, Дебар, како и во Кичево има двоцифрен број на заразени.