Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови пораки од мобилните на обвинетите: Организирајте колку можете луѓе и тргајте во Скопје

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 14, 2018 13:31

Со презентација на дополнителни докази од вештачењето на мобилните телефони на обвинетите Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, во Кривичниот суд продолжи судскиот процес за настаните од 27 април минатата година во Собранието на РМ.

Во СМС порака до, заведен како Крсте секретар на 5* од 27 април во 18:51 часот Арнаудов пишува „организирајте колку можете повеќе луѓе и тргајте во Скопје со коли”.

Во група на вибер порака од мобилниот на Јохан Тарчуловски, обвинителката Ивана Трајчева рече дека Јохан бил известуван од некој кој бил заведен како Патале дека од Љубанци секој ден биле испраќани луѓе на протестите.

Во порака од Мурџо пишувало дека „само 20 луѓе имало и се едни та исти“.

На 26 април вечерта Патале му пишал на Јохан дека на 27 треба да дојдат сите, а ако не дојдат да не бараат после нешто. Во пораката пишува дека треба да се мобилизираат сите љубанчани да присуствуваат на 60-тиот ден од „За заедничка Македонија”.

На 27 април биле повикани 100 луѓе од Љубанци да присуствуваат пред Собранието.

Во порака од некој Манто од вечерта на 27 април, пишува „малку му е мамето зајачарско”.

Во вибер комуникација во група наречена „Пратеници“ има порака од Влатко Ѓорчев, Стевананџија, како комуницираат и се брифираат кои пратенички групи се во Собранието.

Ѓорчев ги информира дека сите пратеници на СДСМ се присутни.

Во една порака од пратеникот Сашо Василевски пишува дека нешто се подготвува и дека мора да бидат внимателни.

Во друга порака пак дека комуњарите подготвуваа насилно преземање на Собранието.

Стевананџија му пишува на Сашо Василевски „да носи кравата поголема, а претходно да вежба за да ја фрла како ласо“.

Во вибер групата на пратениците од мобилниот на Јохан, Илија Димовски пишува: „Седете сите во сала”, по што друг пишува „горе се пука”, потоа прашуваат кога да излезат.

Во друга порака од 24 април вечерта пратениците ги известува некој: „Комуњарите идат накај Скопје”, додека друг пишува дека ситуацијата излегла од контрола и дека треба да се преземе нешто. Василевски прашува во групата: „А Иванов”?

Во групата има порака од лице кое не е меморирано, а пратило порака на руски јазик од портал Железник, во истата група на руски им праќа порака „Кремељ подржава вонеедњи у Македонии”.

Тарчуловски препраќа порака во групата „три групи паравојски на ДПМНЕ биле во Собрание, планот за ликвидација не им успеа”.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Тарчуловски до Мицкоски: Не е фер да се враќаме во Собрание додека не ги пуштат луѓето од притвор

27 април нови докази ОЈО; вибер комуникација пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.