Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинари: Без реформи во медиумите, Пржинскиот договор не е исполнет

0
By Влатко Чаловски on April 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешната одлука со мнозинство гласови на пратениците во Собранието да не се прифатат предлозите за измени во Законот за медиумите, амбиентот ниту се менува ниту се мрднува од почетната точка која се најде пред преговарачките групи на четирите најголеми партии, реагира новинарскиот еснаф.

Со 64 гласа „против“ мнозинството пратеници одлучија да го отфрлат предлогот за измени во Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги. Предлогот  за разгледување беше поднесен од опозициската СДСМ на барање на новинарските здруженија и организации, а предвидуваше реформи во програмскиот совет на МРТ и во советот на Агенцијата за медиуми, како и целосно финасирање на МРТ од државниот буџет.

Ваквото гласање не ги изненадува новинарските работници, кои потенцираат дека со ова само се докажува дека условите за кредибилни избори не се исполнети.

Tamara

Според претседателката на Синдикатот на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, денешното гласање значи дека на одредени политичари воопшто не им требаат промени кај медиумите бидејќи им годи.

– Денешното гласање значи дека оние што го имаат мнозинството во Собранието, како и на преговорите во Клубот на пратенците не сакаат реални промени на медиумската состојба. Најмногу им пречи департизација на регулаторните тела и финансиска независност на Јавниот сервис, вели Чаусидис за НОВА, дополнувајќи дека истите тие владеат преку медиумите.

Дека не е исполнета обврската од Пржинскиот договор смета и Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии, кој сепак вели имала контролиран оптимизам дека сепак денес можеа да започнат промените.

– Не ме изненадува гласањето во Собранието денеска. Ние како повеќе организации кои ги поддржувавме измените во Законот за медиуми имавме сепак некој контролиран оптимизам дека партиите се освестиле и пред избори ќе работат на подобрување на условите, но јасно е кој како гласаше, вели Трајковска.

Според неа, барем во поглед на медиумските реформи, условите за кредибилни избори не се исполнети, а одредени политички структури сакаат да продолжат со пласирање на својата вистина.

– Измените во медиумите беа дел од Договорот од Пржино и ние и меѓународната заедница се надевавме дека оттука ќе почнеше процес за подобрување на состојбата со медиумите, меѓутоа ова покажува дека одредени партии напротив ги интересира да ги користат медиумите за да пласираат своја пропаганда. Со ова, барем во медиумскиот дел, сметам дека не се исполнети условите за кредибилни избори, вели Трајкоска.

Zaneta

Новинарските и медиумските здруженија за утре најавија прес-конференција на која подетално ќе се произнесат по денешното гласање.

Предлогот по кој денеска се гласаше во Собранието инаку е ист како тој на европскиот медијатор Питер Ванхауте за итна измена и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, како добра основа за вовед во медиумските реформи во Република Македонија.

Неговите предлози сепак од старт беа погазени од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, која рече дека “експерименталните“ предлози на Ванхауте ги немало во ниедна друга земја од Европската унија и тие не се согласуваат со нив.

Како и да е, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и екс-премиер Никола Груевски неодамна на самиот датум кога првично беше планирано распуштањето на Парламентот за одржување на изборите на 24.април потенцираше дека преговори за медиуми сигурно нема да има до 5.април, дека постоечкиот закон е соодветен а за тоа добил уверување и од меѓународната заедница.

ЗНМ ИКС медиуми МИМ Собрание ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.