Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарските здруженија од регионот за случајот со „Врањске новине“

0
By Нова ТВ on September 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регионалната платформа за Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која претставува повеќе од 7.800 новинари и медиумски работници ја изразува својата најдлабока загриженост поради притисокот врз локалниот весник „Врањске новине“ и штрајкот со глад на главниот уредник и сопственик Вукашин Обрадовиќ.

По 23 годишно работење и критичко следење на локалните проблеми на југот на Србија, Врањске новине се затвори поради постојани притисоци, од економски и политички карактер.

Обрадовиќ со отворено писмо им се обрати на надлежните институции и на јавноста барајќи одговори за состојбата на „Врањске новине“:

„Од своето основање, весникот се водеше во согласност со законот, транспарентно. Немаше големи осцилации во работењето, сите даноци беа плаќани на време, весникот беше воден под исто име и издаван од страна на истиот издавач. Во претходните случаи на контроли на државните власти, Врањске новине се придржуваа до одлуките на властите и постапуваа според издадените препораки“, се вели во писмото.

Засега не е јасно зошто деловен субјект со таква историја заслужува такви интензивни финансиски инспекции, кои овој месец траеле повеќе од две недели, а биле спроведени во просториите на весникот.

Новинарските здруженија од регионот бараат од институциите да реагираат соодветно на писмото на Обрадовиќ, како и адекватно да одговорат на неговите технички прашања.

Завчера делегација на новинари од регионот го посети Обрадовиќ во Врање за да изрази солидарност. Иако е разбирлив во овој контекст, штрајкот со глад не е одржлива мерка за постигнување напредок во слободата на медиумите, бидејќи цената што треба да ја плати оваа исклучителна личност е премногу висока во име на поширока кауза. Другите поврзани протести на граѓаните што се случија истиот ден пред зградата на Владата во Белград, дополнително ја потврдуваат сериозноста на ситуацијата и испраќаат порака до институциите во Србија дека критичните медиуми се важни за општеството и дека Владата треба да создава услови во кои е можно тие слободно да функционираат.

Мрежата ќе ги информира сите релевантни регионални и европски институции за овој случај со цел да ја побара нивната поддршка и ќе продолжи да го надгледува случајот се додека не се реши ова прашање.

Врањске новине Вукашин Обрадовиќ новинарски здруженија од регинот реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.