Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот Клинички центар – приказна без крај

0
By Менче Атанасова Точи on January 26, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 26, 2017 12:16

Се крчка тендерот за новиот Клинички центар. Полека доаѓаме до финалето.  Возбудата е голема- се чека победникот. Сите три конзорциуми кои се влезени во финале, се на мака. Залакот е преголем. Секој сака да добие на тендерот, да го гради грандиозниот објект со површина од 62 000 метри квадратни. Голем предизвик , но и многу пари се во прашање. Некои шпекулираат  дека однапред се знае победникот. Дека имало конфликт на интереси меѓу фирмата која го ревидирала премерот и една од тие што конкурираат за изградба, но и тоа дека „зајакот лежи“ во  попустот што го дава една од  фирмите. Можеби! Но, се тоа треба да се докаже. Едно знам, во игра се големи пари.  И сите ги сакаат! Кој по кое оро игра, ќе видиме на крај. Ништо не останало неоткриено.  Нели вистината е како шило?

За граѓаните е важно да се изгради нов објект и се да биде чисто, без манипулации. Да се употребат квалитетни материјали, вентилацијата да не биде катастрофално лоша како на Клиниката за гинекологија. Да не дува од прозорците, да не се расипуваат лифтовите постојано. Да го добиеме она за што ќе платиме, ние граѓаните. Зашто Кредитот од Банката на Советот на Европа ќе го исплаќаме ние, не  Министерството за здравство. Затоа треба да добиеме Клинички центар во кој нема да има затскриени игри. Тоа да биде модерна зграда која нема да пропадне за две години. Во набавките квалитетот да биде на прво место, а не цената.

Дали е можно? Не сум сигурна, искрено. Секој новоизграден објект во здравството има своја приказна, влече некоја опашка, тешка, претешка. А, и со оглед на тоа што четири години не лажеа со изградбата на новиот Клинички центар, тешко ми е да верувам во чесни приказни.

Во Министерството за здравство велат дека постапката се спроведува целосно според процедурите, при што се земале во предвид и постоењето или непостоењето на судир на интереси.

Но, бидејќи процедурата  се уште трае не можеле да се произнесат во однос на детали за понудувачите, надвор од она што веќе било кажано при јавното отворање на понудите.

И замислете, за работи кои според нив се однесувале на статусните прашања за учесниците, на одговор упатуваат директно кај нив. Па, добро Министерство за здравство, дали тие го распишуваат тендерот или вие?

И додека битката за добивање на тендерот влегува во завршна фаза, додека се лобира, притиска и прогнозира, дел од лекарите стравуваат како ќе функционираат клиниките додека се гради новиот објект, на местото каде што беше старата зграда на Клиниката за гинекологија. Тие велат: ќе има машини, механизација, земја, кал, бетон. Ќе се слуша бучава во операционите сали, во интензивна нега, во шок соба. Прашуваат како ќе функционира сообраќајот кој секојдневно е во хаос и тоа точно на влезот каде што треба да се гради објектот, на местото каде што четири години стои дупка. Таму возилата стојат и по половина час чекајќи во колона за влез, а брзата помош одвај влегува. Всушност, тие прашуваат- дали оваа локација е вистинскиот избор?

И за крај,  она најважното- рокот за евалуација на тендерот е 90 дена, ама од Министерството за здравство планирале да заврши пред крајниот рок. Така одлучил министерот Тодоров, кој според експертите по Уставно право не е веќе министер бидејќи е пратеник со новиот мандат. Министер за кој тие велат дека не смеел да распишува тендер, за што можело кривично да одговара. Реков јас, интересите се големи, апетитите уште поголеми. А, новиот Клинички центар? Не сум сигурна во таа приказна, некако ми изгледа без крај.

 

 

игри клинички тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.