Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот тарифник за плаќање струја на увид в понеделник, сметките може да се зголемат и за 40 отсто

0
By Соња Крамарска on June 4, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека в понеделник ќе се одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

„Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка е во рамки на просечната потрошувачка во државата“, соопштуваат од Регулаторната комисија.

„Со ваквиот начин на тарифирање ќе се обезбеди фер пристап, односно оние кои што трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена за истите“, велат од РКЕ.

Блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања од 07:00 до 22:00 часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања 22:00 до 07:00 и недела ќе се применува иста цена, дополнува регулаторот.

Првите симулации на плаќање според новиот тарифник велат дека домаќинство што троши по околу 1 000 киловатчасови електрична енергија во скапа тарифа, ќе плаќа околу 40 проценти повисока сметка за струја отколку во моментов. Домаќинствата, пак, што трошат помалку од 500 киловатчасови месечно во висока тарифа, би требало да имаат исти или помали сметки за струја. Конечните гранични вредности меѓу тарифните модели, можат да претрпат измени.

Регулаторната комисија тврди дека сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле до нив во однос на скалесто тарифирање се земени во предвид во анализите.

тарифник за струја трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.