Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новите мерки не важат за македонските државјани – влезот во Црна Гора и натаму без PCR-тест или доказ за вакцинација

0
By НОВА ТВ Balaban on August 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 20, 2021 14:04

За влез во Црна Гора важат истите мерки  како и досега и тоа, освен за туристите од Р.С. Македонија, и за оние од регионот: од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Државјаните на Р.С. Македонија можат и понатаму да влегуваат во Црна Гора без доказ за вакцинација, сертификат за прележан ковид-19, негативен PCR-тест или негативен брз антигенски тест. За влез во Црна Гора важат истите мерки  како и досега и тоа, освен за туристите од Р.С. Македонија, и за оние од регионот: од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Освен важечки патни исправи, на гостите од овие држави за влез не им требаат дополнителни сертификати во однос на ковид-19 или PCR-тестови – изјавија денеска за НОВА ТВ од Амбасадата на Црна Гора во Р.С. Македонија.

Според најавите, овие мерки за влез во Црна Гора за туристите од регионот треба да важат до 10 септември годинава.

По објавувањето на веста дека „Црна Гора денеска воведе нови мерки за заштита од ковид-19, што првенствено се однесуваат на условите за влез во земјата – дека во Црна Гора ќе може да се влезе само ако нејзините граѓани и туристите покажат дека се вакцинирани против ковид-19, да приложат PCR-тест  не постар од 72 часа, да имаат потврда дека прележале или со брз антигенски тест не постар од 48 часа“, во Амбасадата на Црна Гора во Скопје почнале да се јавуваат граѓани коишто се заинтересирани да летуваат во оваа земја.

– Многу јавувања имавме денеска, а сите коишто се интересираа ги информиравме дека новите мерки не важат за македонските граѓани. Чекаме да стаса и официјалната информација од владата на Црна Гора – ни изјавија од Амбасадата.

Исто така, за туристите од Македонија уште во јуни годинава од црногорската влада најавија дека ќе бидат бесплатни PCR-тестовите за оние државјани на кои ќе им се бара овој документ при враќање во матичната држава.

– За туристите од Р.С. Македонија да можат да го направат PCR-тестот бесплатно во Црна Гора, треба да се уредно пријавени и да имаат регулирано туристичка такса – додаваат од Амбасадата на Црна Гора.

Доколку се случи некој од нашите државјани заболи од ковид-19 за време на престојот во Црна Гора, и лекувањето ќе биде бесплатно.

Од 1 септември годинава, домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против ковид-19 или сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување или медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија.

За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата по 1 септември, а немаат ПЦР тест или потврди за примена вакцина или за прележан ковид-19, ќе се одреди мерка карантин од седум дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Љубица Балабан

 

PCR тест Амбасада на Црна Гора македонските државјани нови мерки регион Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.