Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ново барање за екстрадиција на Грујевски и Бошковски врз основа на помилувањето

0
By Нова ТВ on December 17, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Телма
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Главните аргументи со кои Министерството за правда ќе бара екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски е побивање на аргументите на судот во Грција околу дадените помилувања од претседателот Ѓорге Иванов, рече министерката за правда Рената Десковска одговарајќи на новинарско прашање.

-Помилувањата се дадени без правен основ, на законски одредби што во моментов не се во правна сила во Република Македонија и од тие причини практично не ни произвеле правно дејство. Секако се образложува и постапката која е правена со измена на законот и повлекувањето, рече Десковска.

Министерката посочи дека ново барање за екстрадиција на Грујевски и Бошковски од Грција е подготвено и оти во моментов се преведува согласно Договорот со Грција.

Десковска не сакаше да го коментира текстот на законот за амнестија, бидејќи е во фаза на договарање и не ги знае точно деталите и во кој правец им се различните мислења и разликите во концепирањето на текстот.

-Колку што знам се уште нема усогласена верзија. Ако во текот на денот излезе текстот без забелешки од било кој тогаш ќе можам да го коментирам. Сега во фаза на договарање не би сакала да коментирам, додаде таа.

На прашање дали недостигот на меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски е причина за тој да не биде задржан во ниту една земја при неговото бегство во Унгарија, Десковска рече дека ова прашање е во делот на Министерството за внатрешни работи, но дека тие држави немале обврски да делуваат ако немало во моментот меѓународна потерница.

– Како правник можам да кажам дека секоја институција дејствува врз основа на определени правни акти и на механизми кои функционираат. Ако немало во моментот меѓународна потерница, а како што знаеме немало, тогаш и тие држави немале обврски да делуваат, рече Десковска одговарајќи на новинарско прашање.

Ваквиот став на Дескоска се совпаѓа со изјавата на заменик министерот за правда, Оливер Ристовски во интервју за „Политика“, каде истакнува дека Србија немала обврска да го задржи и уапси осудениот екс премиер, Никола Груевски, кога тој поминувал низ оваа земја во своето бегство до Унгарија.

 

амнестија Иванов Бошковски Грујевски Десковска екстрадици ново барање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.