Филаделфија моментно е под полициска опсада. Вооружен напаѓач веќе подолго време пука кон полицајци кои се обидуваат да го уапсат. Причините се нејасни, а големи полициски сили се распоредени низ целиот град.
„Си-Ен-Ен“ јавува дека населбата Најстаун-Тиога е преплавена со полициски сили во обид да ја стават ситуацијата под контрола. До жителите на Филаделфија се апелира да го избегнуваат местото на престрелки, а од хеликоптерите и новинарските екипи да се оддалечат.
Првичните информации говорат за четири до шест повредени полицајци, бројка што варира во зависност од изворите во САД. Засега е непозната природата на повредите додека извор на телевизијата наведува дека сите повредени службеници се дел од дивизијата за борба против наркотици.
„АБЦ“, пак, јавува за најмалку шест повредени полицајци чии колеги на терен добиле поддршка и од противтерористичката единица.
Полицискиот капетан Секу Кајнброу за „Си-Ен-Ен“ изјави дека е излезено за интервенција на терен по дојава во врска со дрога.