Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ново тестирање на Ким Јонг-Ун – САД, Јапонија и Јужна Кореја загрижени

0
By Нова ТВ on April 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Кореја утрово испали нов проектил во јапонските води, поточно во Источното море, тврдат САД и Јужна Кореја.

Се работи за балистичка ракета, тестирана непосредно по изјавата на Доналд Трамп кој рече дека ќе се справат со оваа земја сами доколку Кина не сака да го направи тоа.

Американскиот Стејт Департмент наместо дипломатски речник, во овој случај реагираше директно.

„Северна Кореја лансираше уште една балистичка ракета со среден дострел. Доста веќе зборувавме за Северна Кореја. Немаме што да додадеме“, се вели во изјавата на државниот секретар Рекс Тилерсон.

Јужна Кореја смета дека ова тестирање  на Ким Јонг-Ун е „закана против мирот и стабилноста“, додека јапонскиот премиер Шинзо Абе го осуди тестот и рече дека државниот Совет за безбедност веднаш ќе има состанок да разговара за проблемот.

Тестирања пред средбата САД – Кина

Дали е коинциденција или план на Ким Јонг-Ун последното тестирање? Ова се прави на ден пред да остварат средба претседателите на Кина и САД, Кси Џинпинг и Доналд Трамп кои ќе разговараат за состојбата на Корејскиот Полуостров.

САД претходните неколку дена од Кина побара да ја притисне Северна Кореја да ја стопира својата нуклеарна програма и тестирањата, притоа потенцирајќи дека ако тие не го направат тоа, „Америка сама ќе се справи со Северна Кореја“.

„Часовникот отчукува и сите опции се отворени“, изјави неодамна претставник на Белата куќа од новата администрација под водство на Трамп.

Ракетата тестирана утрово била на должина од 60 километри и на височина од 189 километри според Јужна Кореја, а се работи за трет тест годинава.

Иако експертите тврдат дека Северна Кореја се уште нема развиено нуклеарни глави кои би предизвикале катастрофа доколку бидат испалени со ракетата, важно е да се напомене дека севернокорејскиот млад лидер, веќе има повеќе тестови направено отколку неговиот татко кој владееше 17 години со земјата.

Јапонија Ким Јонг-ун Кина нуклеарна програма САД Северна Кореј тест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.