Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новогодишна ноќ на плоштад „Македонија“: Со Дино Мерлин во третата декада од 21 век

0
By Нова ТВ on January 1, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 1, 2020 12:30

Неколкучасовен хепенинг, со сценски ласери, голем огномет и перформанс на балканската музичка ѕвезда, Дино Мерлин. Вака беше дочекан влезот во третата декада од 21 век на преполниот плоштад „Македонија“ во Скопје кој собра над 50.000 лица.

На студената декемвриска ноќ се пркосеше со греано вино, лименки пиво и по некоја петарда, средство што никако не може да се искорени како пропратен елемент за новогодишните прослави. И, секако, со добропознатите хитови на популарниот гостин од Сараево кој го одржуваше веселото расположение меѓу присутните на настанот во организација на град Скопје.

Атмосферата дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет на полноќ со кој се означи почетокот на новата 2020 година. Забавата на плоштадот „Македонија“ почна во 20:30 часот со настап на музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ кои ги загреаја граѓаните за шоуто што следуваше.

Плоштадот „Македонија“ во изминатиот месец беше центар на новогодишните и Божикни празнувања во Скопје, а жителите на главниот град, како и домашните и странски туристи, имаа можност да ја почувствуваат празничната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма.

Најголем интерес кај посетителите побуди дигиталната новогодишна елка, како и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“ кои беа сместени на плочникот меѓу ГТЦ и плоштадот. Во близина на куќичките имаше и мала сцена на која секојдневно се организираа настани и концерти за најразлични возрасти.

Дино Мерлин Новогодишна ноќ Огномет плоштад Македонија прослава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.