Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НП: Од Избирачкиот список се избришани од 30 до 40.000 граѓани

0
By Нова ТВ on October 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 5, 2018 16:19

Неодамнешниот референдум покажа дека не е мала бројката на лица кои поседуваат важечки лични карти или пасоши, но од некаква некоординација или постојано оправдување со системски пропуст се избришани од Избирачкиот список и не можат да го остварат избирачкото право.

Државен советник од канцеларијата на Народниот правобранител на денешниот брифинг Зоран Билбиловски на денешниот брифинг со новинарите посочи дека се работи за 30.000 до 40.000 граѓани кои се избришани од Избирачки список поради разни причини.

За да се надмине оваа ситуација од Народниот правобранител апелираа до Државната изборна комисија соодветно да ги информира граѓаните кои се избришани од Избирачкиот список за постапките што треба да ги направат доколку сакаат да гласаат.

– Може ДИК барем во изборните кампањи да ги повика овие лица, да им каже дека се избришани од ЕИС и да ги упати што треба да прават за да можат да го остварат своето избирачко право, рече тој.

Според него, бришењето на овие лица од Избирачкиот список најчесто се случило поради вадење нови лични карти.

– Исто така апсурдна е и ситуацијата кога МВР издава соопштение дека во сабота и недела ќе издаваат лични карти. Но зошто се прави тоа. Тие лица и да извадат лични карти не ќе можат да гласаат бидејќи ќе ги нема во Единственот избирачки список, рече Билбиловски.

Исто така не е мала бројката на лицата кои се во затвор или во притвор, станува збор за 30 до 50 отсто од овие лица, кои не можеле да гласаат поради тоа што ги немало на Избирачкиот список.

– Со цел навремено да бидат запишани во Избирачкиот список и непречено да го остваруваат своето избирачко право треба да се регулираат модалитетите за обновување на личните карти на сите избирачи што се на издржување казна затвор во казнено поправните и воспитно поправните установи во континуитет, односно пред датумот на изминување на нивната важност, рече Билбиловски.

Тој посочи и на дискриминацијата за лица од категоријата болни и немоќни, бидејќи воопшто не им се овозможува избирачкото право да го остварат во местата каде подолго или трајно престојуваат, како што се старските домови, центрите за рехабилитација, душевните болници.

Во контекст на тоа додаде дека за време на референдумот од битолско-демирхисарскиот регион имале јавувања во Канцеларијата на Народниот правобранител дека во старски дом над 100 лица кои се сместени таму не можеле да го остварат своето право на глас. На овие лица, како што рече, им било кажано дека можат да гласаат само таму каде што им е живеалиштето.

Во врска со овие забелешки Народниот правобранител подготви Посебен извештај за остварување и заштита на избирачкото право што е доставен до Владата на Република Македонија и за кој е добиено позитивно мислење. 

Избирачки список избришани Народен правобранител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.