Белград: Клучниот, најважен наод од анкетата на „Нова српска политичка мисла“ – НСПМ од јули, врз основа на репрезентативен примерок на полнолетните граѓани во Србија, е дека дефинитивно бројот на луѓето кои се против Александар Вучиќ е поголем отколку бројот на оние кои го поддржуваат. Податоците добиени од анкетата на НСПМ ги објави неделникот „Време“.
Анкетата е спроведена од 2 до 12 јули на репрезентативен примерок од 1.100 граѓани.
Во истражувањето се наведува дека овој заклучок е направен од истражување од март, а потврден во мај.
Во општиот примерок, поддршката за владата е околу 32-33 проценти, додека оние кои се декларираат како нејзини противници се десет проценти повеќе односно во проценти околу 42-43 отсто, со околу 25 проценти неопределени