Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Њујорк Пост“: Кампањата на Бајден била финансирана од лобист на руски гасовод

0
By Biljana on June 2, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 2, 2021 08:31

Лобист, кој наводно бил поврзан со проектот за гасоводот „Северен тек 2“, донирал пари за кампањата на Џо Бајден, тогашен кандидат за претседател на Демократската партија, пред претседателските избори во САД во 2020 година, пишува „Њујорк Пост“.

„Њујорк пост“ известува за информации од американската Федерална изборна комисија, кои покажуваат дека во октомври минатата година, поранешниот американски дипломат Ричард Барт издвоил 4.000 американски долари за изборниот штаб на Бајден, а покрај тоа, во март 2020 година испратил уште 10.000 долари на политички комитет што го поддржал кандидатот на демократите.

Лобистот ги претставува интересите на компании партнери на руски „Газпром“.

Според весникот, Барт ги застапува интересите на компании партнери на „Газпром“ во „Северен тек 2“. Меѓу нив се германски Унипер и Винтершал, австриски ОМВ, француски Енџи и англо-холандски Шел. Како што е наведено во публикацијата, во документите доставени од Барт до ОМВ се наведува дека неговите активности за лобирање се однесуваат на „заштита и натамошно унапредување на интересите на компанијата во дебатата за природниот гас како елемент на европската енергетска безбедност и санкциите против Русија“.

-Кога Ричард Барт донираше во Фондот за победа на Бајден, тој не откри дека е регистриран странски агент и затоа нема право да обезбедува средства, изјави за„Њујорк Пост“ претставник на Американскиот демократски национален комитет (НКДП). Тој уверува дека Барт можел да помине низ процесот на избор на донатори затоа што не ги открил своите работодавци.

НКДП, исто така, извести дека парите добиени од Барт се вратени неделава, откако се отворила истрагата од страна на весникот.

Барт од 1983 до 1985 бил помошник државен секретар за европски и канадски прашања, а од 1985 до 1989 година бил американски амбасадор во Германија. Тој, исто така, бил шеф на американската делегација во преговорите со СССР за развој на Договорот за ограничување и намалување на оружјето за стратешки напади (СТАРТ I). Според весникот, Барт „моментално е директно вклучен во активности за лобирање за „Северен тек 2 АГ“ (проектна компанија за реализација на проектот„ Северен тек 2“).

Тој, наводно, бил и советник на изборниот штаб на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за прашања од надворешната политика.

Весникот потсетува и на минатонеделната изјава на американскиот претседател Џо Бајден дека изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ е речиси завршена и дека воведувањето санкции против проектот ќе биде контрапродуктивно за односите на САД со Европа.

Проектот „Северен тек 2“ вклучува изградба на две линии на гасоводот, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно, од брегот на Русија преку Балтичко Море до Германија. Работите беа прекинати во декември 2019 година, откако швајцарската компанија „Олсис“ се откажа од поставувањето цевки поради можни санкции на САД. По пауза од една година, од декември 2020 година продолжи изградбата на гасоводот.

На почетокот на април, гасоводот беше завршен 95 отсто.

Извор: МИА

Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.