Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НУК со сопствен регистар на свадби и веселби: Викенд со околу 100 прослави

0
By Sashko on June 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Независната угостителска комора (НУК) формира сопствен регистар за свадби, прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители и угостителски објекти како и државни институции, комори, здруженија овозможувајќи на сите без дополнителен надомест да ги пријават односно евидентираат своите прослави согласно барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби, прослави и останати веселби.

Од НУК информираат дека регистарот е формиран со цел да излезат во пресрет на сите телефонски повици и дописи за потреба на угостителите да ги регистрираат и пријават прославите кои ги организираат во своите угостителски објекти и да им овозможиме институционално да можат да ги исполнат сите точки од протоколите за организација на сите прослави.

– За секоја пријава во рок од 24 часа, угостителите добиваат уредна електронска потврда дека согласно точка 7 извршиле пријава и регистрација во “угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби, соопштија од НУК.

Со пријава во регистарот опфтени се сите видови прослави во сите угостителски објекти и евиденција и контакти на сите учесници и чинители на овие прослави со исклучок на листата на гости. Евиденцијата на листа на гости и распоред на маси за седење и понатаму е обврска на организаторот да ја достави исклучиво до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој од друга страна има за обврска да го евидентира секое лице – гостин на прославата.

Само за овој викенд од донесувањето на првите протоколи за организирање на веселби, од НУК информираат дека и покрај многуте нелогичности и пропусти во новите протоколи низ државава се организираа или е во тек организација на повеќе од 100 свадби, веселби, родендени и останати прослави.

– НУК како најголема угостителска и општествено одговорна комора изработи образец – пријава за регистрација на прослави со која пријава угостителите може да ги пријават своите угостителски објекти во регистарот за организација на прослави што го води за своите членки и сите останати угостители и угостителски објекти. Регистарот го ставаме на располагање на сите угостители, комори и државни институции без надомест на трошоци. Воедно им овозможуваме на сите угостители подеднакво да ги испочитуваат во целост протоколите односно точка 7 и притоа да не бидат прекршени истите, појаснуваат од НУК и додаваат дека на овој начин овозможуваат до донесување на соодветно законско решение или укинување на оваа точка од протоколите да се избегнат недоразбирања кои би можеле да настанат со инспекторите во случај на контрола за време на организација на прослава или свадба во угостителски објект.

Веселби Македонија НУК прослави Регистар свадби угостители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.