Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуредини: Изненаден сум од блокада на законите за решавање на отпадот

0
By Sashko on July 13, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: ina-online.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 14:45

Изненаден сум што некој ги блокира законите што се неопходни за да го решиме проблемот со отпадот, бидејќи е очигледно дека со постојаната регулатива имаме проблем со отпадот, вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини за блокадата на законите за екологија во Парламентот.

Тој посочи дека тие што не успеале да ги прочитаат законите што се достапни на јавноста околу 12 месеци, треба да ги прочитаат.

– Делот со РДФ отпадот што беше изработен согласно стандардите на ЕУ, но предизвика загриженост во јавноста, се согласивме со пратениците да го измениме и увозот на РДФ да биде забранет додека не се обезбедат капацитети за добри контроли, додава министерот.

Во однос на тоа колку длабоко ќе се копа во малата депонија во ОХИС, експертите на денешната прес-конференција велат дека според податоците што ги имаат, откако ќе се тргне горниот слој на нафрлената земја, се наоѓа закопан линданот и изомерите во бетонски базени, на длабочина од 1,70 метри, потоа ќе се ископа и извади бетонот и ќе се направи дополнително истражување дали НСН пенетрирал и подлабоко во почвата. Доколку НСН пенетрирал и подлабоко во почвата тогаш ќе се изведе и ископување до безбедни концентрации.

Во одговор на новинарско прашање, околу тоа колку време е потребно да се заврши целиот процес, Нуредини истакна дека предвидени се 12 месеци и очекуваат да завршат со чистење на малата депонија во јули 2022 година. Тој додава дека сега со помош на експертите и знаењето што го имаат, ќе може да се изнајдат средства за да се исчисти и големата депонија. Станува збор за количество на отпад од 7.000 тони во малата и 52.000 тони во големата депонија.

Министерот Нуредини посочи дека Природно-математичкиот факултет има добиено инструменти од Норвешкото Кралство, што ќе ја мери почвата, но и воздухот и континуирано ќе се спроведуваат анализи, со цел да се обезбеди заштита на граѓаните во околината.

блокада закони Македонија Насер Нуредини отпад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.