Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обама: Нема јасни докази дека нападот во Орландо бил поттикнат од ИД

0
By Нова ТВ on June 13, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 13, 2016 19:43

Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека не постои јасен доказ дека нападот кој се случи во геј клубот во Орландо Флорида е во режија на Исламската Држава (ИД). Сепак, истрагата за нападот кој се случи вчера, а во кој животот го загубија 50 луѓе, се третира како терористичка истрага, рече тој.

Обама денеска посочи дека напаѓачот Омар Матин – роден во САД со авганистанско потекло, најверојатно бил под влијание на екстремисти, но оти нема директни докази кои укажуват дека тој делувал под инструкции или дека е дел од поголем заговор.

По трагичниот настан во САД прогласена е тридневна жалост.  Обама денеска издаде наредба знамето на САД на Белата куќа, сите јавни згради, бродови на американската морнарица, амбасади и конзуларни преставништва во странство да бидат поставени на половина копје, во чест на жртвите од масакрот.

„Во знак на почит кон жртвите од терористичкиот напад изведен во недела на 12 јуни во Орландо, Флорида, во согласност со овластувањата што ги имам како претседател на Соединетите Американски Држави, во согласност со Уставот и со законите на САД, издавам наредба знамето на САД да биде спуштено на половина копје на Белата Куќа и на сите јавни згради и имоти, на воените објекти, морнарички бази и на сите пловила на морнарицата на Федералната влада во Округот Колумбија и низ целата територија на Соединетите Држави и териториите во нејзино владеење, сè до зајдисонце на 16 јуни 2016 година. Исто така, наредувам знамето да биде спуштено на половина копје, во истиот период, на сите амбасади на САД, конзуларни преставништва и други објекти во странство, вклучително и на сите воени објекти, бродови на морнарицата и бази“, стои во прокламацијата на претседателот  Обама.

.@POTUS orders U.S. flags flown at half-staff to honor the victims of the attack in Orlando: https://t.co/k6QWAbrHAh pic.twitter.com/uivIQQQC9j

— White House Archived (@ObamaWhiteHouse) June 12, 2016

29 годишниот  напаѓач Омар Матин од Порт Сент Луси на Флорида, оддалечено повеќе од 100 милји од местото на масакрот, беше убиен во престрелка со полицијата. Тој во нападот на геј клубот со себе имал пушка и пиштол. Нападот се случи во клубот Пулс во Орландо, Флорида, во раните утрински часови во недела по локално време.

Напаѓачот, пред да биде убиен од полицијата, еден час држел во заложништво десетици од гостите на забава на ЛГБТ заедницата во Орландо.

Веднаш по нападот ИД соопшти дека напаѓачот бил нивен член.

 

Ефектот Орландо: Опасен потсетник за македонската хомофобија

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.