Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обединетите нации апелираат до Британците да не се нафрлаат на осамените украински жени бегалки

0
By Соња Крамарска on April 13, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 13, 2022 15:03

Агенцијата за бегалци на ОН ја повика владата на Обединетото Кралство да интервенира за да спречи самци Британци да приоѓаат на осамени Украинки кои бараат засолниште од војна и кои притоа се изложени на сексуална експлоатација.

По тврдењата дека осамените мажи ја користат шемата „Домови за Украина“ за да ги таргетираат ранливите жени од Украина, високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) изјави за Гардијан дека бараат „посоодветен процес на поврзување“ за да се осигура дека жените и жените со деца се прифатени од семејства или од брачни парови.

Барањето на глобалната агенција за бегалци следи по извештаите дека украинските жени бегалци,понекогаш придружени со деца, се изложени на ризик за сексуална експлоатација во Велика Британија.  Според владината шема „Домови за Украина“, британските домаќинства мора самите да се поврзат со украинските бегалци, со што им се дава шанса на десетици илјади британски самци да им пристапат на жените кои бегаат од виорот на војната во Украина. Услугата за поврзување е поддржана од владата и управувана од добротворната организација Reset, при што оние кои сакаат да се преселат во Велика Британија од Украина, мора да имаат спонзор пред да аплицираат за виза.

Во соопштението, УНХЦР рече дека има потреба од соодветни заштитни мерки и мерки за проверка против експлоатација, како и соодветна поддршка за спонзорите. „УНХЦР верува дека може да се воспостави посоодветен процес на поврзување со тоа што ќе се осигури дека жените и жените со деца се поврзуваат со семејства или брачни двојки, наместо со самохрани мажи“, се наведува. „Поврзувањето направено без соодветен надзор може да доведе до зголемување на ризиците со кои може да се соочат жените, покрај траумата од раселување, одвојувањето на семејството и насилството на кое биле изложени во Украина“, рече портпаролот на УНЦР.

Водечките добротворни организации за бегалци ја изразија својата загриженост во врска со шемата „Домови за Украина“ во писмо до Мајкл Гоув, министерот кој е задолжен за шемата. Луиз Калви, од добротворната организација Refugee Action, изјави за Обсервер дека постои ризикакцијата да се претвори во „Тиндер за сексуалните трговци“.

Една 32-годишна жена од Бахмут, Украина, која барала соодветно лице за да и пружи дом и засолниште во Велика Британија, се жали дека добила непристојни пораки од мажи на Фејсбук. „Еден постар дечко од Лондон ми напиша дека ќе морам да ја делам спалната соба со него и ме праша дали се согласувам“, рече таа за „Гардијан“.

„Сандеј тајмс“ објави дека новинарка која се претставувала како 22-годишна Украинка од Киев открила дека за неколку минути откако објавила порака на најголемата Фејсбук група за семејства за прифаќање на украински бегалци во Велика Британија, била преплавена со непристојни пораки.Некои мажи лажеле дека имаат неколку спални соби во нивните мали домови, додека друг предложил заеднички кревет, пишувајќи: „Имам голем кревет. Можевме да спиеме заедно“. Друг и испратил тонска порака во која велел: „Подготвен сум да ти помогнам и можеби ќе можеш да ми помогнеш и мене“.

Во својата изјава, УНХЦР, исто така, изрази загриженост за безбедноста на жените бегалци:„УНХЦР смета дека се потребни соодветни обуки и информации за да се осигури дека домаќините ќе донесат информирана одлука кога аплицираат за да станат спонзори. За некои луѓе не е одржливо да се смести странец во дополнителна спална соба на подолг период“, рече портпаролот.

Запрашан да одговори на барањето на УНХЦР за интервенција за сексуална експлоатација на Украинки, портпаролот на британската влада рече: „Обидите да се искористат ранливите луѓе се навистина одвратни – затоа ја креиравме нашата шема ‘Домови за Украина’ за да има конкретни заштитни мерки вклучувајќи силна безбедност и проверки на мотивите на сите спонзори, и од Министерството за внатрешни работи и од локалните власти“. (Гардијан)

Велика Британија украинските жени бегалки УНХЦР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.