Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обезбедени 31 единица плазма за третман на пациенти со Ковид-19

0
By Нова ТВ on June 24, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: itm.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институтот за трансфузиона медицина информира дека се обезбедени 31 единица ковалесцентна плазма за третман на 31 пациент со коронавирус од кои 16 единици преку постапка на плазмафереза и 15 преку стандардно дарување на крв.

„Во оваа установа е изготвен и протокол за дарување на плазма. Сакам да изразам искрена благодарност кон хуманите дарители кои секојдневно се пријавуваат. Овој здравствен предизвик нè сплоти сите за да го победиме вирусот. Министерството за здравство следејќи ги најновите достигнувања на третман на пациенти со Ковид-19, даде согласност за да се воведе протоколот за дарување на ковалесцентна плазма и секојдневно ја поддржува кампањата за дарување на плазма“, изјави директорот на Институтот, Седула Усеини.

Дарител може да биде секое лице кое е излекувано од коронавирус и ги исполнува условите за дарување плазма што се наведени во протоколот. Лицето треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми по што се прави дополнителен трет тест за потврди дека нема присуство на вирус. Понатаму, машки дарители или женски дарители кои не раѓале или се негативни на HLA антитела. Исто така, ќе биде земен и примерок за одредување на концентрација и/или титар на неутрализирачки антитела Anti-SARS-CoV-2.

Постапката за дарување на плазма се вика плазмафереза и се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор. Постапката трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл. плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот. Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надополнува. Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години, со телесна тежина поголема од 60 килограми и кое ги исполнува наведените критериуми.

Донирање Институт за трансфузиона медицина Коронавирус лекување пациенти Плазма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.