Од Територијалната противпожарна едница-Кочани информираат дека се прави обиколка на терен пред да се ангажираат хеликоптерите за гасење на пожарот кој вчера попладне избувна во Кочани.
– Пожарот сè уште e активен. Голема е веројатноста дека ќе се поврзе со опожарените места кај селата Бања и Тркање. Таму имаше пожар пред неколку дена, велат од Територијалната противпожарна едница-Кочани.