Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обиколницата од 130 милиони евра попушти на првиот пороен дожд

0
By Нова ТВ on August 8, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопската обиколница беше кобна за загинатите, за кои се уште нема официјална бројка, во невремето кое пред два дена го зафати Скопје и околината. Се уште не е познато како загинале луѓето кои на 6 август вечерта се затекнаа токму на оваа делница околу Скопје. Засега сведок се само сликите и снимките кои се објавуваат на социјалните мрежи и во медиумите,а кои говорат за хоророт кој се случувал на скопската обиколница и борбата за живот, која за жал некои ја загубија.

13920844_934025763386089_3122605114950465793_n 13920854_934024783386187_4521159301938090137_n (1)

На фотографиите по потопот, може да се види како целосно е кренат асфалтот, како да станувало збор за земјотрес со силен интензитет, а не за пороен дожд.

Скопската обиколница која е со вкупна должина од 26,7 километри се градеше неколку години. Вредноста на целата обиколница е околу 135 милиони евра.

Според официјални информации од интернет страната на Владата, за неа се дадени 70 милиони евра, од кои 32,3 милиони евра кредит од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР, 24,6 милиони евра од Европската инвестициска банка, а останатите од Буџетот на Република Македонија.

gruevski_vtora_delnica
Свечено пуштање на втората делница од обиколницата

Обиколницата на Скопје е автопат со четири ленти, со широчина од 27,5 метри, која поминува под јужните падини на Скопска Црна Гора, покрај селата Стајковци, Смилковци, Брњанци, Кучевишка Бара.

Главниот надзор на изведбата на втората фаза од обиколницата, Бранко Стефановски, од Градежниот институт „Македонија“ потенцира дека изградбата на оваа делница се одвивала без проблеми и на задоволство на главниот изведувач – грчка „Терна“, која нема никакви забелешки ниту на работата на подизведувачот – скопски „Бетон“, ниту пак на Фондот за патишта.“, пишува во соопштението од Владата кога почнала изградбата втората делница од обиколницата.

Тогашниот премиер Никола Груевски во 2009 година свечено ја пушти во употреба втората делница од скопската обиколница, на потегот од Оризари до Сарај, во должина од 11,8 километри. Делницата е дел од Коридорот 8 и ќе ја поврзува Македонија со Бугарија и Албанија.

13920854_934024783386187_4521159301938090137_n

„Инвестирањето во инфраструктура претставува инвестирање во подобра бизнис-клима и привлекување домашни и странски инвеститори, во стопански раст, непречен и брз проток на лица и стоки, како и во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните вклучувајќи го и еколошкиот”, рече премиерот Груевски на отворањето на делницата.

Тој истакна дека до крајот на годинава се очекува да биде отворен и дел од обиколницата од Хиподром до Оризари со што, како што кажа, за 30 проценти ќе се намали сообраќајот во Скопје и ќе се подобри комуникацијата, рече Груевски кога ја пресече црвената панделка.

Директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта Наташа Волкановска, тогаш во 2009 година, истакна дека проектот е од огромно значење за Скопје и Македонија. Таа посочи дека на овој дел од обиколницата две години се работело интензивно.

Делови од обиколницата освен Бетон, градела и скопската градежна фирма Гранит. Во невремето особено беше уништен тој дел од делницата. НОВАТВ испрати прашања до Гранит, за проектот, како и за изградбата на обиколницата, но и на градежната фирма која го вршела надзорот. Одговорите ги чекаме, па ќе бидат објавени кога ќе ни ги достават.

13956916_10154383089831197_1810423742_n (1)

На делот каде што е изграден патот во текот на работата се подигнати 3 милиони метри кубни земјиште, 8.000 тони арматура и над 300 илјади метри квадратни асфалт. За првпат во Македонија и единствено на овој дел од делницата се поставени звучни ѕидови, а тука е лоциран и најголемиот мост во државава долг 630 метра. Според неа, патот е направен по сите европски стандарди.

13934745_934026660052666_2261604765090646483_n

Градоначалникот на Скопје не чувствува одговорност за смртта на загинатите и одговорноста ја префрли на „виша сила“, односно на „водената бомба“ над Скопје, како што го нарече поројниот дожд. Никој од политичарите од власта, засега не презеде одговорност, ниту пак се чувствува за одговорен за однесените човечки животи.

За одговорноста засега потсетуваат само сликите од пустошот кој остана на обиколницата. Европските стандарди се удавија во македонската „водена бомба“.

Коце Трајановски невреме Никола Груевски поплава Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.