Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Oбјавен e огласот за избор на новиот состав на антикорупциската комисија

0
By Нова ТВ on January 22, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупција.

Огласот ќе трае 7 дена, по што ќе следува и јавно интервју на кандидатите. Роковите за избор на првиот состав на антикорупциската комисија според новиот Закон се скратени за новата Антикорупциска комисија да се формира пред да започне кампањата за претседателските избори.

Интервјуата на кандидатите ќе се пренесуваат директно на МТВ, а  ќе ги водат претставници од МАНУ, од Интерпарламентарната унија, здруженија на граѓани кои се занимаваат со антикорупција.

Во огласот пишува дека  се избираат претседател на комисијата и шест члена со мандат од пет години. Тие нема да имаат право на повторен реизбор. При изборот, според новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ќе важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова застапеност.

Новиот Закон за спречување на корупцијата предвидува за претседател и членови на ДКСК да не може да биде избрано лице кое во последните 10 години било донатор на политичка партија, пратеник или член на Влада. Исто така, новите членови мораат да имаат шестгодишно работно искуство во областите на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото и да имаат завршено правни, економски, политиколошки или комуникациски студии.

Со новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ДКСК добива зголемени надлежности -Антикорупциска ќе ги следи  промените на имототите на функционерите и по завршувањето на нивниот мандат,  ќе  проверува сомнителните грантови и тендери, ќе има увид во финансиското работење на партиите.

Антикорупционерите ќе имаат пристап до сите податоци што за функционерите ги има  УЈП, МВР, Фонд за пензиско, Катастарот, Берза, Народната банка и до сите банкарски сметки.

Државната антикорупциска комисија не функционираше повеќе од 11 месеци по оставките кои ги поднесоа членовите на Комисијата поради сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.

Антикорупциска комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.