Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавена е потерницата по Игор Спасов

0
By Нова ТВ on October 29, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР распиша национална потерница по Игор Спасов по барање на штипскиот Суд, откако Спасов не беше пронајден во својот дом во Штип.

Специјалецот Игор Спасов,  е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски. Тој е во затвор од 2011 година и досега одлежа 6 години од казната. Во потерницата е наведено дека Спасов се бара за „доиздржување на казната затвор од 7 години и 3 месеци“.

Доколку истражните органи не го пронајдат и на територија на државата, повторно се известува Судот, кој дава согласност за издавање на меѓународна потерница. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  рече дека бегството на Спасов не е надлежност на МВР, туку на Министерството за правда.

– При издржувањето затворска казна МВР нема никаква надлежност, тоа е под Министерството за правда, КПД ги донесуваат одлуките по нивни проценки што треба да соодветствуваат на соодветни сознанија дали и во кои услови затворени лица треба и може да бидат привремено пуштани на слобода, рече Спасовски,

Тој посочи дека општеството не може да се справува со криминалот со ноншалантно однесување на институциите, независно дали се работи за обвинител, судија или раководител на КП установа.

По  завршениот отпуст кој му бил одобрен поради нарушено здравје, Спасов не се врати на доиздржување на затворската казна во Идризово на 18 октомври.

Спасов бил на отпуст цела година откако штипскиот суд му одобрил лекување поради здравствени причини.

потерница Спасов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.