Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обоен штабот на ВМРО ДПМНЕ: Најавија можно самоорганизирање за заштита

2
By Нова ТВ on June 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозициската ВМРО ДПМНЕ соопшти дека вчеравечер по одржаните протести пред СОбранието против Договорот со Грција и промена на уставното име и Уставот, врз зградата на партијата била фрлена црвена боја. Заова тие обвинија структури блиски до власта.

-Нападот на ВМРО-ДПМНЕ е акт на насилство и вандализам. Но и напад на сите оние кои ги штитат македонските националните интереси. Индициите за ова говорат дека одговорноста за ваквиот напад се структури блиски до власта – по  принцип на шарената револуција, рече генералниот секретар на партијата ИгорЈанушев.

Од партијата велат дека ваквите индиции ги базираат на сознанија дека власта подготвува, како што рече, „насилно сценарио спроведувано од свои инсталации и полициски структури чија цел е да го втурне ВМРО-ДПМНЕ во насилство како би можело полесно да се делегитимира нашата борба против капитулацијата на Зоран Заев со договорот за  името“.

-Власта преку овие и слични провидни провокации посакуваат нов 27 -ми април, каде Зоран Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би била оцрнета. ВМРО-ДПМНЕ има прецизни информации за оперативци од полициските  структури кои финансираат и подбуцнуваат насилство кое треба да се насочи кон ВМРО-ДПМНЕ. Во ова се вклучени и лица од раководството на СДСМ. Впрочем на сето ова претходела и една средба во еден од скопските кафулиња каде лица од СДСМ биле во друштво со лица со дебело полициско досие, при што биле стимулирани да предизвикаат насилство, рече Јанушев.

Од партијата ги повикаа членовите да се воздржат од било какви провокации, а од надлежните органи побараа соодветна реакција.

Во спротивно, Јанушев најави дека „ќе бидеме приморани да се самоорганизираме со цел да обезбедиме минимум безбедност“.

На новинарско прашање, што значи самоорганизирање за заштитување, дали тоа значи дека ќе постават вооружени стражи, Јанушев рече:

–Ве молам да не ги преувеличуваме работите, ќе ги преземеме сите чекори со цел да ја заштитиме нашата безбедност и сигурност, бидејќи како што гледаме полицијата не е во можност да го направи тоа, а сите механизми се во рацете на власта, рече тој.

ВМРО-ДПМНЕ Јанушев обоен штаб протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.