ОБСЕ и Агенцијата за млади и спорт започнуваат кампања за подигање на
свеста против нетолеранцијата и омразата во Северна Македонија
На 10 ноември, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија ќе започнат кампања за информирање на јавноста со наслов „Прекини го кругот – омразата не е твој стил“ со која ги повикуваат младите да помогнат да се зголеми свеста за штетните ефекти на нетолеранцијата и омразата.

Дизајнирана да одговори на негативните наративи поврзани со сите форми на
нетолеранција, кампањата има за цел да влијае на општествениот дискурс на
позитивен начин, не само кај младите, туку и во општеството како целина.