Едукација до одржувањето на изборите на 11.декември е дел од меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР.
Државната администрација во периодот кој следи обуки со видео прирачник како подобро и попрофесионално да мине изборниот циклус а за оценување на ангажираната администрација ќе биде спроведено и онлајн тестирање.
– Заедничката цел е преку интензивна и добро структурирана едукација на изборната администрација при спроведување на изборите да се адресира дел од претходноидентификуваните проблеми, меѓутоа на тој начин би ги адресирале и дел од препораките нотирани во извештаите од претходните избори, изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.
Амбасадорката на ОБСЕ пак, Нина Сумалаинен истакна дека во периодот кој следи ќе ѝ помогнат на ДИК во пререгистрацијата на останатите граѓани во Изборниот список.