НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ/ОДИХР: Конкурентни избори по кои следуваат неопходните реформи

0
By Влатко Чаловски on December 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Конкурентни избори кои се суштински чекор во решавањето на двегодишната длабока политичка криза, кои се одвиваа во средина на широко застапена недоверба во институциите и политичкото уредување, е оценката на меѓународните набљудувачи во првичните заклучоци по изборите.

Специјалниот координатор и предводник на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ, Роберто Батели, вели, високата излезеност на гласачите е нивната порака дека ја сфатиле својата улога за иднината на Македонија, а дека останува на политичарите да работат на одржливи реформи.

Амбасадорката Тана Де Зулиета која ја предводи набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, рече дека одложувањето на соопштувањето на првичните резултати од вчерашното гласање од страна на ДИК „не значи дека нужно укажува на неправилности“.

Меѓународните набљудувачи наведоа  дека за време на овие избори, некои од препораките за подобрување на изборното законодавство на ОДИХР и Венецијанската комисија на Советот на Европа не се земени предвид и одредени одредби се двосмислени.

– Земјата се наоѓа на нов крстопат кој отвора пат  кон нормализирање на политичкиот живот. Сите засегнати страни сега мора да ја докажат својата заложба  за водење на земјата по тој пат, рече Стефан Шенах, шеф на Делгацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Според него, различните етнички заедници веќе докажале за време на минатогодишните протести дека во земјата може да се работи на заедничка цел.

– Сега целата земја мора да ја замени етничката сепарација со соработка на која ќе се темели градењето на нацијата, рече Шенах.

Тој воедно порача дека неприфатливо е заплашување на гласачите и притисокот врз јавните службеници кои се забележани од страна на набљудувачите, и дека од денес треба сериозно да се работи на реформите поврзани со медиумите и избирачкиот список.

– Видовме многу луѓе кои сакаат подобро за својата земја и идните генерации. Позитивните трендови кои ги забележавме сега треба да се претворат во одржливи механизми и на недостатоците кои ги наведуваме треба да се работи преку значаен дијалог во рамките на релевантните државни институции особено Собранието, рече Азај Гулиев, шеф на Делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Според шефот на Делегацијата на Европскиот парламент, Игор Шолтес овие избори покажаа дека луѓето сакаат и целосно заслужуваат крај на долгата политичка криза.

– Очекувам јасен сигнал од новата влада дека ќе работи со сите политички партии во Собранието за спроведување на реформите кои се итно потребни, рече Шолтес.

Тој ги повика сите партии да дадат поддршка на судските институции особено на СЈО бидејќи, како што кажа, нивната работа мора до крај да биде спроведена.

Во однос на медиумите  изнесена е оценка дека медиумската сцена е поделена по политички и етнички линии и набљудувањето покажало дека јавните медиуми во најголем дел им обезбедиле на учесниците во изборниот процес рамномерно покривање во вестите, но од друга страна приватните покажале пристрасност во корист на владејачката партија.

Инаку, прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, покрај другото забележува процедурални проблеми на денот на изборите, одредени сериозни нерегуларности за време на гласањето и нерегуларни пребројувања по завршувањето на гласањето.

– На денот на изборите, речиси сите набљудувани гласачки места се отворени на време. Процесот на отворање беше позитивно оценет во повеќето места, но набљудувачите забележале процедурални проблеми: во 20 случаи протоколот за гласање не бил пополнет пред почетокот на гласањето, во 21 случај не било покажано дека гласачките кутии се празни, и во 10 случаи не бил евидентиран бројот на безбедносни ленти за гласачките кутии.

Процесот на гласање бил позитивно оценет во 97 проценти од набљудувањата. Процедурите главно биле следени, вклучувајќи ги и оние за спречување на повеќекратно гласање, како што се обележување на прстите на гласачите и  проверка на фотографиите во  избирачкиот  список. Поставеноста на 4 проценти од набљудуваните гласачки места била оценета како несоодветна. Во половината од овие случаи, тоа влијаело на тајноста на гласањето. Преполни простории биле забележани во 5 проценти од посетените гласачки места. Повеќе од половина од набљудуваните гласачки места немале услови за самостоен пристап на гласачите со хендикеп.

Значајно, во 16 проценти од набљудуваните гласачки места, на граѓани не им било дозволено да гласаат бидејќи ги немало во избирачкиот список. Иако некои од овие граѓани биле упатени во други гласачки места, други истакнале дека нивните податоци биле дел од 28.341 записи избришани во јули 2016 година. Вкупно 335 од засегнатите лица поднеле барање приговори до ДИК по тој основ. Ова ја истакнува континуираната потреба од изнаоѓање одржливо решение за структурните недостатоци во избирачкиот список.

Во текот на гласањето беа забележани одредени сериозни нерегуларности, како што се групно гласање (4 проценти), гласање за друг (2 проценти) и несоодветно запечатување на гласачки кутии (2 проценти). Забележани се и притисоци врз гласачи и мешање на неовластени лица во работењето на ИО. Во текот на денот, медиумите и полицијата известуваа за нерегуларности поврзани со купување гласови и фотографирање гласачки ливчиња. Најмалку 6 лице биле уапсени.

Набљудувачите  на  меѓународната  набљудувачка  мисија  за  избори  го  оценија  процесот  на броење како ефикасен и транспарентен. Меѓутоа, забележани беа сериозни процедурални пропусти во голем број гласачки места, и броењето беше негативно оценето во 10 набљудувани ИО. Тоа првенствено се однесува на постапките пред отворањето на избирачките кутии, вклучително и броењето на бројот на потписи и неискористени гласачки ливчиња (28 и 25 случаи, соодветно), и верификувањето на бројот на безбедносни ленти за гласачки кутии (14 случаи). По броењето, 16 набљудувани ИО имале потешкотии при пополнувањето на протоколите за резултати, а 14 ИО не ги следеле процедурите за пакување чувствителен материјал и гласачки ливчиња. Копии од протоколот биле дадени на оние кои ги побарале; меѓутоа,  33  набљудувани  ИО  не  ги  поставиле  протоколите  на  видно  место,  како  што  е пропишано со законот. Броењето е завршено во предвидениот рок до полноќ во сите набљудувани гласачки места.

Сумирањето започнало навреме, но било негативно оценето во 8 случаи. Главните проблеми кои биле забележани се однесуваат на условите во ОИК: недоволно простор (24 ОИК), преголема толпа луѓе (22 ОИК), и лоша организација (9 ОИК). За време на набљудувањето, 336 протоколи за броење содржеле несообразности и гласачките ливчиња се пребројувале во 40 гласачки места, се вели во првичните заклучоци.

избори Извештај нерегуларности ОБСЕ/ОДИХР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.