Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинение против актерката Силвија Стојановска за меѓународна трговија со кокаин

0
By Нова ТВ on June 12, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: telma.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека е поднесе обвинение против актерката Силвија Стојановска и против уште едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, кривично дело по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„По спроведената меѓународна операција „Колибри“ во која беа лишени од слобода пет лица од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Кралството Шпанија, надлежниот јавен обвинител спроведе сеопфатна истражна постапка. Во текот на истрагата, Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година, обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралство Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, учествувале во неовластено купување, пренесување и продавање на наркотична дрога – кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грам“, се вели во дописот на Обвинителството.

Обвинетите, се додава во соопштението, подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на наркотична дрога – кокаин од Колумбија до Мадрид и барале купувачи за истата.

„За да не бидат откриени во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки – инхибитор (PROTECT 1207i)“, информираат од Обвинителството.

Обвинителството заедно со Обвинителниот акт му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор за првообвинетиот и мерката куќен притвор за второобвинетата.​

кокаин обвинение обвинителство Силвија Стојановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.