Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинет за 27 април: Нинџа имаше џип, радио станица и значка од УБК

0
By Нова ТВ on December 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Александар Василевски Нинџа, обвинет за насилствата од 27 април, иако не бил вработен во УБК, сепак дејствувал како тамошен вработен, а располагал и со ресурси од управата, односно имал два блиндирани автомобили.

-Нинџа имаше џип со петти степен на блиндираност и автомобил со седми степен на блиндираност, и двата од УБК. Исто така поседуваше и значка од УБК, но и радио станица кое го покриваше реонот на СВР Скопје. Таа беше наштелувана да се слушаат разговорите, но не и да се враќа, откри обвинетиот Михаил Младеновски  на денешното рочиште за 27 април, објави Фокус.

Неговиот брат, исто така обвинет во случајот, Стефан Младеновски претходно во сведочењето истакна дека зад упадот во Собранието стојат високи функционери во УБК, на чело со тогашниот директор Владимир Атанасовски, но и на Александар Василевски Нинџа.

Неговата верзија ја потврди и Михаил Младеновски.

Тој раскажа дека фантомките кои им биле делени на луѓето ги платил Нинџа, а за тоа било побарано и сметко потврда за да се повратат парите.

Исто како и неговиот брат, Михаил откри шокантна информација, односно дека по упадот во Собранието, кај Жена парк пристигнал Никола Бошковски со службено возило на УБК во кое имало оружје.

-Ми покажа дека има оружје, за кое ми рече дека треба да се подели на луѓе кои имаат искуство со оружје, претежно на поранешни припадници на лавовите. Потребата се гледаше од информацијата дека се упатиле вооружени Албанци. Сепак оружјето не се подели бидејќи стигна информација од Синиша Алексовски, советник на претседателот Ѓорги Иванов, дека претседателот ќе прогласи воена состојба, и дека војници веќе се распоредени, рече Младеновски.

Зградата на ДИК требало да биде нападната со молотови коктели

Младеновски во сведочењето рече и дека неколку месеци пред упадот во Собранието, зградата на ДИК требало да се нападне со молотови коктели, за да се издејствува приговорите на ВМРО-ДПМНЕ да се прифатат, а кои беа поднесени по парламентарните избори во 2016 година.

-Во 2016 година се запознав со Владимир Атанасов, директорот на УБК, и тоа во кафичот Аристократ, преку Александар Василевски Нинџа. Тогаш Нинџа ми кажа дека Владимир е негов личен пријател и дека откако тој е на чело на УБК ќе добие моќ од аспект на користење на ресурси, односно логистика од одредени функционери, сведочеше Младеновски.

Тој појасни дека по завршувањето на изборите, следувале приговорите пред ДИК, кога се добило насока дека треба да се изврши притисок врз ДИК за да одредени приговори одат во полза на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еден ден пред протестот во ДИК, имавме средба во кафичот Аристократ. На средбата присуствуваа функционери од УБК, односно директорот Владимир Атанасовски, Никола Бошковски, кој е во бегство во Грција, Дејан Димковски Боксер, вработен во Петтата управа, Мери, од кабинетот на директорот на УБК, Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, а бев и јас. Тогаш ни беше кажано дека треба да се оди пред ДИК, да има машка популација која ќе стои во првите редови и по одредена насока ќе треба да се дејствува со молотови коктели врз зградата, рече Младеновски.

Тој откри дека за оваа тема комуницирале и на вибер, но се користеле шифри.

-Шифрата на Нинџа беше “самурај”. Имаше и шифри за сценаријата. Шифрата 1 значеше дека вечерта ќе се дејствува кон зградата на ДИК, односно да се фрлат молотовите коктели, кои беа оставени во паркот кај едни грмушки.  Шифрата 0 бешенда не се дејствува, а така и се случи, откри обвинетиот Младеновски.

 

 

27.април Младеновски Нинџа сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.