Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинетите пратеници за 27 април се откажаа од давање исказ пред судот

0
By Нова ТВ on November 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинетите пратеници Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски се откажаа од давање одбрана пред Судот на денешното рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Адвокат на Крсто Мукоски, на почетокот на денешното рочиште рече дека, на 19 ноември ги повлекол сите поднесени материјални писмени докази, како и дека обвинетиот нема да дава исказ пред судот.

На прашање од судијката Кацарска, адвокатот Дончо Наков рече дека обвинетиот Љубен Арнаудов нема да дава одбрана, како и дека трите предложени видео снимки целосно се поклопуваат со веќе изнесените од обвинителство, додека писмени докази немаат воопшто поднесено.

Одбраната на обвинетиот Љупчо Димовски, рече дека тој нема да дава исказ пред судот, но дека останува на изведување на поднесениот видео материјал, по што во судница беа пуштени неколку видео снимки од гестикулација на обвинетиот Љупчо Димовски во емисии и гостувања, за кои одбраната рече дека се исти или слични со посочените од обвинителството.

Бранителот на обвинетиот Јохан Трачуловски рече дека тој нема да даде исказ и дека ги повлекуваат сите предложени докази од листата на докази.

Судијката Кацарска го предупреди адвокатот на обвинетиот Митко Чавков дека судот на неколку пати ги известил оти нема да прифати докази поднесени после 21/08/2018 година и дека нема промена на тој став.

Откако судот не ги прифати доказите доставени од одбраната на Чавков, неговиот адвокат рече дека штом се дозволуваат само сведоци кои судот вика дека се навремено предложени, тогаш ги повлекуваат тројцата предложени сведоци.

Претходно исказ пред судот даде единствениот сведок предложен од одбраната на Мукоски, Марија Ангелова, која била пратеничка во Собранието од 2014 до 2016 година и учествувала на протестите пред Собранието на 27 април 2017 година.

Ангелова истакна дека до 27 април со тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ апсолутно немала никаква комуникација. Туку само учествувала во стара ВИБЕР комуникација во која учествувале пратеници од пратеничкиот состав од 2014 до 2016 година.

– Мојата комуникација тој ден е во една поранешна Вибер група на пратеничкиот состав од 2014 до 2016 година, таа Вибер група во тој период и служела на пратениците за побрз проток на информации во службена смисла. Но, и после нашиот мандат групата постои и добро е што постои, ни служи за комуникација. На 27 април неколку колеги дадоа поддршка пишувајќи во групата “браво македонци”, “браво пратеници наши”. Јас на колегите им пишав, со цел да им ја доловам сликата, дека влеговме во Собранието, дека народот влегува, им ги испратив и оние фотографии кои ги направив, рече Ангелова.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

27.април исказ пратеници Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.