Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителен акт против три лица – татко ја силувал родената ќерка, па ја продал на Косово, а мајката ја подведувала на проституција

0
By НОВА ТВ Balaban on January 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Таа откако го запознала третообвинетиот со својата малолетна ќерка, употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш и од по 500,00 денари му овозможила да врши полови дејствија со нејзината ќерка.

По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Според дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт, првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, второобвинетата сторила продолжено кривично дело Трговија со дете, а третообвинетиот сторил продолжено кривично дело Трговија со дете и кривично дело Силување.

Во временски период од четири години, првообвинетиот искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка. Во текот на месец март 2018 година злоупотребувајќи ја својата положба како татко, на интернет нашол маж од Косово и го продал девојчето заради склучување присилен брак. По два месеци девојчето дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот не ја вратил назад во Косово со оправдување дека било многу далеку и продолжил да врши обљуба врз неа. Во месец декември 2018 година, девојчето заедно со еден од нејзините браќа и второобвинетата – нивната мајка, избегале од семејната куќа и се упатиле во куќата на третоосомничениот.

Второобвинетата во тригодишен временски период искорисила ист траен однос и исти прилики и злоупотребувајќи ја својата положба како мајка на девојчето, со сила го подвела да врши полови дејствија за паричен надомест со третообвинетиот. Таа откако го запознала третообвинетиот со својата малолетна ќерка, употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш и од по 500,00 денари му овозможила да врши полови дејствија со нејзината ќерка.

Третообвинетиот, искористувајќи исти прилики, за паричен надомест во тригодишен временски период во својата куќа користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години. Истиот во текот на месец декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето.

За кривичните дела што им се ставаат на товар запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет односно 12 години.

Со обвинителниот акт, предметниот обвинител му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор спрема обвинетите, при што како клучен фактор при одлуката за продолжување на мерката притвор ќе треба да ги има предвид начинот и мотивот на извршување на кривичните дела, односно дека истите се сторени со директна умисла од страна на обвинетите, како и околноста што предметните кривични дела директно го кршат Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95).​

кривично дело обвинителен акт силување Трговија со дете ќерка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.