Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

0
By Marija Todorovska on January 25, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 25, 2024 14:32

Јавниот обвинител Дарко Јакимовски најави преиспитување на казните во случајот „Ласкарци“ откако денеска на шестмината обвинети, Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје им изрече затворски казни од вкупно 39 години.

– Очекувавме осудителна пресуда за сите обвинети. Што се однесува во поглед на одлуката за санкцијата секако дека истата ќе биде преиспитана од наша страна, изјави Јакимовски.

Во однос на прашањето дали е доволна казната од четири години за сопственикот Дурмиш Белули, обвинителот рече дека очекувањата биле дека казните нема да се движат поблиску до законскиот минимум од четири години.

– Нашите очекувања беа дека казните нема да се движат поблиску до законскиот минимум на казнување за ова кривично дело кое што може да се движи во распон од четири до 20 години. Во тој поглед секако дека ќе се преиспита казната и битна алка во одговорноста е одговорното лице и се надевам дека во иднина никогаш нема да бидеме сведоци на ваква трагедија, дополни Јакимовски.

Обвинителот денеска побара и мерки за претпазливост за обвинетите сѐ до правосилноста на пресудата, барање, кое Судот го одби со образложение дека мерките се веќе активни.

Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје денеска го прогласи за виновен обвинетиот Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“ и му изрече казна затвор од четири години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари казна затвор шест години, а на тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, кои се товарат за соучество во истото дело им изрече затворска казна од по пет години.

Најголема казна затвор од 14 години доби возачот на автобусот, Маноил Трифуновски.

На сите обвинети им беше изречена и забрана за вршење на професија во времетраење од пет години.

Во процесот кој започна во 2019 година на повеќе од 100 рочишта беа изведени вербални и материјални докази, а беше направено вештачење и супервештачење.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.

Ласкарци обвинител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.