Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство: Пронајдени се мобилни кај притворените од 27 ми април

0
By Нова ТВ on March 23, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 23, 2018 14:34

Во затворот Шутка, при претрес на  притворените за инцидентите од 27 април биле пронајдени мобилни телефони и тие се предадени на вештачење, потврдија за НОВА од Обвинителството.

„Во изминатиот период во КПУ затвор – Скопје, при претрес на лицата притворени во врска со настаните во Собранието на Република Македонија, од страна на службените лица пронајдени се неколку мобилни телефони и истите се предадени на вештачење. Вештачењето на телефоните е во тек“, пишува во одговорот од Обвинителството за НОВА.

Според информации на Дојче Веле, телефонски апарати биле најдени кај пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, екс началникот во МВР, Оливер Поповски, член од обезбедувањето на Трајко Вељаноски и други лица.  Според првичните сознанија, дел од притворените преку тие телефони оствариле интензивна комуникација со партиски и други лица и не го криеле гневот дека се изневерени, и додека тие се во притвор, други спокојно си седат во фотелји, објави Дојче Веле.

Адвокатите на дел од осомничените рекоа дека не се информирани за одземените мобилни телефони. Тие  очекуваат Врховниот суд денеска да ги објави одлуките по жалбите на 15 обвинети за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година. Со жалбите се бара укинување на мерките притвор и куќен притвор и изрекување на поблаги мерки за осомничените.

За поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски се бара укинување на мерката притвор, а за пратеникот Љупчо Димовски и оперскиот пејач Игор Дуловски укинување на мерката куќен притвор и изрекување на мерки на претпазливост.

Муковски, Василевски, Чавков, Димовски, Дуловски, Поповски и полицискиот службеник Мунир Пепиќ се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

 

27.април Мобилни обвинителството
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.